ВЕЛИКАНИ ЗА ПРИМЕР

pismo-2

Најголема доблест на големите и познати луѓе е нивната скромност и приземност. Моќта не е алатка за ароганција, туку за инспирација. Не смееме да ја загубиме вербата во скромноста. Скромноста не е одлика на духовно сиромаштво. Скромноста ја отсликува големината на еден човек. Тоа е најчовечката особина. Дел од животната етика. Најмногу ќе му се доближиме на она што е големо, ако сме големи во скромноста. Човек е голем не со она што го стекнал, туку со она од што се одрекува. Сé што е големо се држи далеку од пазарот и славата. Големите луѓе никогаш не го владееле светот, ниту некогаш ќе го владеат. Тие отсекогаш го предводеле напред. Нив за тое не им требало никакво признание, ниту некогаш тоа го барале. Од кого? Од помалите од нив? Од малите?

Александар Македонски не му го одзел идентитетот ниту на еден народ. Неговата големина е во постоењето на идејата за исти права за сите. Според неговиот проучувач Руф, Александар Македонски ќе рече: ,,Не е недостојно ниту за Персијанците, ниту за нас Македонците, ако едните ги преземат обичаите на другите,,. При освојувањето на некое место барал благослов од тамошното божество. Тој е првиот што за своја животна сопатничка ја зема бахтријката ,,малоазијка,, Роксана и колективно со своите војници влегуваат во мешани бракови.

Сандро Пертини, некогашен претседател на Италија, не сакал да живее во претседателската палата (Квиренале) и позајмил мал стан во близина на парламентот.

Ангела Меркел, германскииот канцелар и научник (квантна физика) и денес нема сопствена куќа, ниту сопствен стан. Живее под кирија. ,,Работам за мојот народ, а не за себе,, – вели Меркел. Планира да ја посети Русија патувајќи со воз.

Пере Тошев, како задграничен претставник и благајник на ВМРО,  извесно време живеел во Софија. Храна му испраќале од неговиот дом од Прилеп. ,,Ништо за мене, сéза мојата Македонија,, – вели Тошев.

Вили Брант, некогашен германски канцелар, во 1970 година допатува во Варшава и пред Споменикот на побунетите во варшавското гето клекна на колена, барајќи извинување од Евреите. Со тоа напиша историја.

Нелсон Мандела, икона за борба против апартхејдот (власт на малцинството над мнозинството), 27 години зад решетки, најпознат политички затвореник во светот. При неговата инагурација за претседател на ЈАР ги покани и неговите затворски чувари. Простување кое се граничи со надчовечност!

Никола Тесла умрел во сиромаштија во скромна хотелска соба со 200 илјади долари долгови. Немал пари ни за основна храна. Меколку месеци пред смртта, јадел само мед и леб.

Сегашниот претседател на Бања Лука ги зел сите клучеви од колите на општината. Немал потреба од службени коли, возачи и обезбедување!

Што да се каже за Сталин. Тој немал доверба кон луѓето наклонети кон скромност. Не ги разбирал нивните мотиви. ,,Материјалистите можеш полесно да ги разбереш и да ги управуваш,, велеше Сталин.

Скромниот нема што да загуби. Ако нема доблест да заличи на човек, раката секогаш ќе биде претворена во лопата. Не може да се напредува на интелектуален план, доколку не сме морално чисти. Нема голема сличност што постигнала успех со измами и трикови.

Да завршиме со скромниот Гоце Делчев. ,, Ние не мислиме на Бугарија, ама си ја чуваме Македонија. Не мислете и вие на Македонија, ама чувајте си ја Бугарија,,.

ПРИМ.ДР Б. ДАМЕСКИ

Loading