ВОДА И ОВОШЈЕ В БОЛНИЦА

Donacija v bolnica 1

Вода и овошје за болните од корона и за медицинскиот персонал донираа фризерите и спортистите. На иницијативата на Секцијата на берберите, фризерите и козметичарите од градов, се  приклучија и дел од спортските клубови со значителни количества пакети со вода и овошје, наменети за хоспитализираните пациенти од Ковид и за медицискиот персонал, кој со месеци се справува со пандемијата.

-Еснафот, фризери, бербери и козметичари, заедно со наши сограѓани и фирми донираа за болницата. Се внесуваше со почитување на сите мерки за заштита. Здравје пред сé, колеги да сте здрави и живи сите – напиша на ФБ, фризерот Крешимир Здравески, кој беше иницијаторот на хуманитарната акција.

На празникот Св. Архангел Михаил, тој заедно со синот Михаил однесоа донација од вода и овошје на инфективното одделение.

На акцијата се приклучија и спортистите координирани од спортскиот ветеран Киро Здравески.

Loading