ЦЕНТАРAЛЕН ДОВОД НА КИСЛОРОД ВО ИНФЕКТИВНО

Naskorfo centralen dovod

Се инсталира централниот довод за кислород на инфективното одделение во кое засега нема лежечки пациенти, туку е амбулантата за преглед во која дневно се прегледуваат околу 100 пациенти и уште триесетина со дневна терапија. Болните се дисперзирани на другите одделенија. Со централниот довод ќе се олесни функционирањето на одделението, особено за пациентите кои имаат потреба од кислород.

– Сите пациенти од инфективното одделение се префрлени на трите ковид-одделенија во болницата: на уво,нос и грло, на очното и на интерното одделение. Откако ќе се спроведе централниот довод на инфективното, нема да се носат постојано боците за кислород, ќе се олесни лекувањето за 20-ина пациенти, зашто ќе има толку приклучоци за кислородот. Едновремено, ќе се ослободат места за новите пациенти. Кога ќе се оспособи инфективното, ќе се ослободат 30 кревети. Така ќе можеме да ги примиме новите случаи за лекување – рече Драган Богојески, директорот на болницата. 

На трите-ковид одделенија има од 25 до 27 пациенти. Капациететот е за околу 110 легла.

– Во сите четири дела ќе имаме капацитет за сместување на 100 до 110 пациенти. Мислам дека ќе бидат доволно болнички да ги третираме сите пациенти. Во инфективното одделение ќе бидат пациентите со потешка клиничка слика и со потреба од кислород, зашто ќе има 20 вградени дозни за доводот на кислородот – објаснува Богојески.

Недостигот од персонал се покрива со прераспределба на медицинскиот персонал. Останува недостигот, главно од болничари.

-Ангажирани се 15 специјализанти, 8 медицински сестри и уште две од Здравствениот дом. Имаме три-четворица болничари каде е дефицитарно. На одделенијата се заболени 20-ина медицински сестри, болничари и околу 5 лекари. Пријавени се и млади доктори кои волонтираат во инфективната амбуланта. Правиме максимални напори да обезбедиме персонал, во инфективното да има по две медицински сестри и болничари во смена. Не е лесно – вели Богојески.

Loading