ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (72)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Работните омладински акции започнуваа од утрото, па до после пладнина. Заштитени со храна, облека, обувки, тушеви и кревети за одмор. Сите овие работи ударниците ги добиваа бесплатно, а тие работат доброволно, неплатено. Дневно имаат три пати јадење, доручек, ручек, вечера и маренда, екстра храна помеѓу доручек и ручекот. После ручекот се оди на физички и психички одмор за сите во бригадата. Исто така има продавница во кругот на бригадата наречена кантина за хигиена и други приватни потреби.

После работното време ручекот и одморот има разни спортски активности, фудбал, ракомет, одбојка, кошарка, читање на весници, атлетика итн. Исто така, за слободното време после одморот има разни курсеви за стекнување разни занаети како шофери, ѕидари, кувари, шивачи, бербери… Кој има интерес ги посетува овие курсеви и со нивното заминување од бригадата добиваа уверение за посетувањето на курсот за понатамошно полагање на квалификација на соодветен занает.

Од вакви курсеви многумина омладинци и омладинки си обезбедија доживотен занает. Без разлика од каква фамилија и средина се омладинците и омладинките таму сите се равноправни со исти права на крајот рече водачот на дневниот ред учителот Стојчевски Дано.

Потврдено членството на омладината на состанокот во училиштето во 1964 година во с. Марул

Откако заврши со објаснувањето околу правата и улогата на омладинската организација во Југославија водителот на состанокот Стојчевски Дано дојде на ред и регистрирање на младината во нашето село према сите податоци за омладината беа регистрирани 46 членови од кои 24 од машки пол и 22 од женски пол.

Женски пол:

1. Атанасоска Драгица; 2. Атанасоска Нада; 3. Василеска Лоринка; 4. Василеска Писана; 5. Велјаноска Милица; 6. Велјаноска Спасија; 7. Дамјаноска Славка; 8. Ѓорѓијоска Верка; 9. Ѓорѓијоска Стевка; 10. Јованоска Трајческа Верка; 11. Јовческа Петра; 12. Јовческа Донка; 13. Мојсоска Љуба; 14. Новаческа Славка; 15. Павлеска Менка; 16. Петреска Петкана; 17. Ризоска Блага; 18. Ризоска Трајчејца Спасија; 19. Ристеска Алтана; 20. Ристеска Грозда; 21. Ристеска Добрица; 22. Тошеска Ракида.

Машки пол:

1. Анѓелески Борис; 2. Атанасоски Петре; 3. Василески Китан; 4. Велјаноски Благоја; 5. Велјаноски Методија; 6. Дамјаноски Благоја; 7. Ѓорѓијоски Ванчо; 8. Ѓорѓијоски Дончо; 9. Здравески Симон; 10. Иваноски Павле; 11. Јованоски Петре; 12. Јованоски Трајче; 13. Јовчески Томе; 14. Јошески Дончо; 15. Митрески Коста; 16. Митрески Ристе; 17. Мојсоски Цветан; 18. Петрески Петре; 19. Петрески Раде; 20. Ризоски Драган; 21. Ристески Атанас; 22. Ристески Спасе; 23. Ристески Сребре; 24. Трајкоски Богоја.

Отсутни членови поради воената обавеза се следните:

1. Василески Китан; 2. Велјаноски Методија; 3. Ѓорѓијоски Ванчо; Мојсоски Цветан; 5. Петрески Петре; 6. Ристески Атанас.

Избор на раководно тело на младинската организација

Откако се завршија овие горе наведени работи се дојде до избор на раководно тело на младинската организација. Претседател, потпретседател, секретар и благајник. 1. За претседател е Јованоски Трајче Јанкоски; 2. Потпретседател е Јовчески Томе Велјаноски; 3. Секретар е Василеска Писана Василоска. 4. Благајник е Мојсоска Љуба Колеска.

Под број 10 и 18 од женскиот пол членовите се родени во Марул се под 26-та годишна возраст е одлучено да бидат членки на младинската органзација и понатака.

Улогата и одговорноста на извршното тело на омладинската организација

1.Претседателот на младинската организација ја има одговорната улога да организира состаноци со членовите и да ги обавестува на време за одржување на омладинските денот, датумот и местото преку селскиот протуѓер. Да ја претставува младинската организација пред државните институции. Да пречекува разни гости во корист на омладинската организација во согласност со целокупното дело на комитетот и омладинската организација за с. Марул.

2. Потпретседателот на омладинската организација ја игра улогата како и претседателот но во случај претседателот да ја извршува таа работна функција поради некои непредвидени настани таа работа ја извршува потпретседателот.

3. Секретарот има најповеќе административна работа, записничар е на сите состаноци на одржувањето во комитетите во омладинската организација. Набавувач е на членските книшки и пополнувач на образецот за членските книшки. Чувар е на сета архива за омладинската организација, ја има сета архива со регистрираното членство на организацијата и ред други работи што му припаѓаат на секретарот.

4. Благајникот си има своја одговорност да води евиденција за платена членарина. Да отвори жиро сметка за парите од платената членарина во некоја банка во државата.

5. Дисциплинска постапка на огрешени работи за политички лицето се советува за криминална работа судството донесува одлука.

6. Петрески Раде Бабјак има земено иселенички лист од с. Марул, населен е во Прилеп. Во моментот додека се одржуваше закажаната омладинска седница во училиштето Раде беше присутен на седницата поради дотогаш не бил никаде зачленет изрази желба да биди член во омладинската организација во родното с. Марул. Неговата желба беше поддржана од сите присутни и Петрески е примен за член во омладинската организација во с. Марул.

Откако беше избрано раководното тело на младинската организација се даде дискусија за под разно. Во дискусијата под разно се даде предлог да омладинската организација и ФК Веслец заеднички за да го имаат задружниот дом. Одѕивот беше слаб, се даде предлог со кревање рака. Исто така беше слаб. Најголема подржувачка имаше од присутните роднини и ближни лица на тие што играа фудбал во ФК Веслец. Несватливо беше за тие што беа против, дали од дома од своите добиа такво советување или по лично свое размислување сами одлучија, тие самите си знаат за нивните одлуки. Со тоа беше завршена првата омладинска конференција во с. Марул во месец мај во 1964 година. Од ова омладинска средба омладинецот Дамјаноски Благова во месец јули 1964 година отиде на омладинска доброволна работа на патот Скопје – Велес.    

Продолжува

Loading