8 МОЌНИ УЛОГИ НА СЕЛЕНОТ ЗА ОРГАНИЗМОТ

Селенот е минерал исклучително важен за здравјето.! На организмот му е многу потребен за заштита од оксидативни оштетувања.

1. Го јакне имунолошкиот систем. Недостигот на имунитет, организмот слабее и станува склон на хронични настинки и грип.

2. Ја подобрува работата на мозокот. Делува на краткорочни и долгорочни проблеми со концентрацијата. Со зголемени дози на селен се поттикнува работата на мозокот за подобрување на памтењето.

3. Штити од карцином. Селенот е антиоксиданс. Има подмладувачки ефект. Го успори растот на карциномот. Кај пациентите кои земаат селен, помала е смртноста од рак, особено се намалуваат шансите за рак на белите дробови и рак на простата. Игра важна улога за здравјето на дојките.

4. Ја подобрува плодноста и на мажите и жените. Отежнатото зачнување и слабата подвижност на сперматозоидите, дури и неплодноста на мажите и жените се поврзани со недостиг на селен. Овој минерал го намалува ризикот од пометнување.

5. Го јакне срцето и крвните садови. Малку селен го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести. Делува и противвоспалително. Ја поттикнува циркулацијата на крвта, ги јакне здравјето на срцето и ѕидовите на крвните садови.

6. Ја регулира работата на штитната жлезда. Ја стимулира продукцијата на хормоните и спречува раздразливост, слабост во мускулите, несоница, нагло потење, слабеење и умор.

7. Ги ублажува симптомите на астма. Го олеснува отежнатото дишење и е добра дополнителна терапија за хронична астма.

8. Го чисти телото од токсини кои негативно влијаат на здравјето. Ги елиминира тешките метали и токсините. Спречува врзување на тешките метали за коските, ткивата, нервниот систем и мозокот.

Знаците кои упатуваат на недостиг на селен се големо опаѓање на косата и успорена работа на штитната жлезда,

Најбогат извор е бразилскиот орев, потоа урмите (содржат 3 пати повеќе селен од бананите, грозјето, бобинките, чиа семето, овезот, интегралниот ориз, јачменот, лукот и кокосот.

На високи температури се уништува. Најдобро е да се јаде суров.

Само оптималните дози се здрави. И вишокот на селен не е добар, оти претерувањето има негативни последици. Горната граница за токсичност на селенот е 400 микрограми. Оваа доза не смее да се надмине. За деца од 1 до 3 години 20 µг/дневно, од 4 до 8 година: 30 µг/дневно, од 9 до 13 година 40 µг/дневно, постари од 14 година и возрасни 55 µг/дневно, бремени 60 µг/дневно и доилки 70 µг/дневно.

Loading