ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (70)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Во есента 1956 година земјоделската гранка Лозар створеното пасиште од необработените земени марулските нивје до крајот на месец мај во 1957 година ги даде за поење на три влашки сточарски фамилии со договор платено во готови пари. За презимувањето на стоката овците и товарниот транспорт коњите стопаните Власите соградија заштитни округли трла со ржаница во присојот во местото Бртвите – државно место сончево во блокот.

Додека становање за своите фамилии најдоја во с. Марул. Една фамилија се всели во кулата на селскиот одборник Ристески Димко Танески. Втората се всели во куќарката на Василоски Милан Борачо. Третата, со повеќе членови, во согласност на селото, се всели во приземјето на задружниот дом од времето на колективот.

Овие влашки сточарски фамилии со православна вероисповед, потополно го владееа македонскиот јазик. Нивните деца одеа во нашето училиште помешани со нашите деца во одделенијата по нивната одделенска завршена година.

Овие православни луѓе секогаш беа присутни на религиозни празници и пеаание во марулската црква се раздава задушница со нашите марулски присутни домаќини во црквата.

На една нивна фамилија што живееа во задружниот дом му се родија деца близначиња, по кратко време близначињата умреа. Нивните родители плашејќи се од некаков приговор од страна на селаните умрените деца близначиња ги погребаја подалеку од селските гробишта во присојот во местото Орев.

Набргу марулци ја дознаа нивната трагедија, му покажаа каде се погребуваат некрстените деца. Родителите на умрените деца близначиња ги откопаа своите умрени деца и ги закопаа зад марулската црква каде се погребуваат сите некрстени марулски деца пурденка или пурденко. Домаќинот Томо што седеше во куќарчето кај Милош имаше две ќерки Ванѓелија и Митра беа многу, многу лични.

Една вечер има некоја нивна прослава, а домаќинот кој седеше кај Димко Танески Димитрија свиреше со гајда беа собрани во куќарчето миланово пееше и свиреше влашки и македонски ора и песни. Се сервираше кисело млеко чувано во овчки кожи. Главен домаќин во задружниот дом беше Штеријо.

Многу беше интересно сервирањето на киселото млеко од овчките кожи. На вратот од кожата имаше направено специјална дрвена устинка од каде се полнеше и празнеше кожата со киселото млеко. Откако ќе се поткренеше кожата со млекото се отвораше устинката и од дрвеното чепче течеше млекото кисело. Сите тањири и лажиците беа направени од дрво за подобро здравје на забите. Домаќините влашки фамилии за верските празници Коледе и Василица наместо булина и колбаси даваа за двата кекс. Адетите ги тераа како и марулските жители.

Додека траеше учебната година 1956/57 во училиштето на учениците наутро му се сервираше топло вештачко млеко, коматче леб и парче путер наречен утрински доручек. Секој ученик си носеше кове за млеко. Лебот за учениците се припремаше и печеше по куќи. Служителот Јован секој ден со магарето го носеше брашното во вреќи и во вреќи со магарето лебот го носеше за на училиште лебот припреман денес за утре. Влашките фамилии од таа обавеза беа ослободени, оти немаа свои фурни да ја вршат таа работа.

Овие три влашки фамилии за сиот нивни престој во Марул имаа добар однос со сите жители. На верскиот празник Духовден во 1957 година влашките фамилии се отселија од Марул заедно со овците, товаритите добитци и заминаа на летовање на планината Ниџе, мариовско.

Како што се слушна покасно од Ниџе преминале илегално во Грција. Фамилијата на Штерио останала во Македонија. Овие влашки фамилии беа емигранти од Албанија. Најверојатно социјалистичкиот систем не им одговараше и во Македонија за нивниот приватен интерес. Затоа емигрираа во Грција. Најубаво тие си знаат.

Со нивното заминување клучот од задружниот дом му го предадоја на одборникот од селото Ристески Димко Танески. Влашките фамилии во Марул живееа хуманитарно без наплата. Со заминувањето, задружниот дом поново онеме, без никаков човечки вреви и џагор. Остана како спомен и сеќавање на дел од нивните имиња Димитрија, Ванѓелија, Митра, Тодор, Томо и Штеријо.

И по исселувањето задружниот остана целосно неоштетен. Вратите и прозорите беа заштитени, здрави. За покривање немаше потреба да се размсилува поради тоа што покривот беше многу висок. Пред новата година 1961/62 г. повеќе ученици марулци од осмолетката од с. Канатларци како актери во домот ја припремаме драмата Добро поле која ја прикажавме за Новата година во нашето училиште во с. Марул од каде бевме наградени со големи аплаузи од присутните марулски гледачи.

Во ова драма како актери учествуваа следните лица: Василоски Трајче, Јованоски Анѓеле, Јовчески Томе, Јовчески Трајан, Дамјаноски Јован, Јошески Дончо, Атанасоски Сребре, Митрески Ристе, Павлески Борис, Трајкоски Богоја Павлески.

После оваа наша изведена драма нешто се случи. Во домот вратата надворешна на скалите беше вандализирана, насилно отворена. Извршена беше недолична мала и голема нужда. Документите со архивата сместени во шифоњерот беа расфрлани. Се повика милиционерска служба, ништо не се откри. Сепак имаше сомнеж во двајца младинци, но невиден арамија поголем од кадија.     

Продолжува

Loading