ЛОШ МИР Е ПОДОБАР ОД „БЛАГА“ ВОЈНА

19 години од масакрот кај Карпалак

S5004693

Кај преживеаните од Карпалак кај роднините и семејствата на десетте загинати уште не се залечени последиците од траумите и по 19 години од настанот на кој загинаа десет прилепчани на 8 август 2001 г.            Дел од преживеаните во конвојот кај Карпалак, од автобуисите, велат дека среќа ги куртулила од терористичките гранати и умешноста на возачот на автобусот кој успеал да замине од заседата. Не бледнее товарот на психичките траума. Видливи се душевните растројства. Некои се среќни, а други уште страдаат и жалаат што останале живи. Им прогресирале болести, закачиле нови заболувања и мачно се снаоѓаат во секојдневието.

– Се боревме за државата. Бевме на браникот на татковината. Покрај жртвите, државата не може да се соземи по две децении. Не зараснуваат раните. Останаа животни лузни. Утеха е барем што се крена споменик за оддавање почит на загинатите. Нека остани во колективната меморија дека секој мир е подобар од ,,блага,, мала војна – велат преживеаните учесниците на Карпалак.

Загинаа…

Тоа кобно осмо августовско утро во 2001 година кај Карпалак во заседа, загинаа Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Loading