ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (58)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Управниот Одбор во Задругата

1. Јованоски Цветан Крушка, претседател; 2. Атанасоски Дончо Танески, секретар; 3. Велјаноски Благоја, книговодител; 4. Петрески Ванчо Мурџески, евидентичар; 5. Ѓорѓиоски Димитрија, благајник; 6. Ристески Крсте Танески, советник во управата; 7. Јованоски Тодор Бубуз, советник во управата; 8. Новачески Јован, советник во управата; 9. Јовчески Ванѓел, инспектор против мито и корупција; 10. Петрески Атанас Мурџески, продавач во продавницата; 11. Јанкоски Ладе, одговорен за сточниот фонд.

Бригадири на бригадите во маалото во 1951 година

13. Бригадир за прва бригада Петрески Митре Бабјак; 14. Бригадир за прва бригада Ристески Богоја Танески; 15. Бригадир за втора бригада Јованоски Алексо Курела; 16. Бригадир за втора бригада Ристески Китан Јанкоски; 17. Бригадир за трета бригада Атанасоски Алексо Танески; 18. Бригадир за трета бригада Стојаноски Тоде Котески; 19. Полјак во Марул Петрески Петре Бабјак; 20. Притруп во црквата Петрески Петре Бабјак; 21. Протуѓер Ризоски Борис Ценоски; 22. Говедар во Марул Здравески Атанас Чонески.

Во пролетта пред празникот Први мај во 1951 година дотогашниот претседател на колективот Стојаноски Тоде Котески дојде до замерка со овчарот на колективните овци Ристески Блаже Танески за некое си јагне. Тоде си даде оставка од претседател на колективот и ја презеде должноста за бригадир во втората бригада на местото на разболениот Атанасоски Јован Танески.

Слободното место за претседател на колективот го презеде Јованоски Цветан Крушка марулец со воен чин поручник стекнат во НОВ кој дотогаш беше директор на колективот во с. Дабјани прилепско.

Новиот претседател на колективот во с. Марул Јованоски Цветан Крушка работеше со месечна динарска плата сé до расформирањето на колективот во с. Марул во почетокот на месец април 1953 година. Со исплатувањето на месечната плата на претседателот и изградбата на задружниот дом пресметано во пари беа продадени 250 колективни овци.

Трудот на останатите службени лица во Управата на колективот во с. Марул не му беше платен, дневницата во парични средства како на претседателот Јованоски Цветан туку нивната му беше иста како и другите трудовни работници пресметана во материјална плата, во жито, сирење, масло, урда, волна и друго.

Иако имаше веселба и пеење на младината на бригадите кога си идеја од работа од полето или кафтење односно лупење на кочаните од стеблото на пченката, берење и чукање на памукот, берење на афион или пак чукање на сончегледот, кај старите луѓе имаше незадоволство кое не смееја да го искажат јавно во тоа што државата му фрлаше порез наречен нарјат одземање на крупната стока, волови и говеда без никаква штетна надокнада во месо, се гради државата тоа беше изреката на властите.

На Крстевци Таневци дома со 24 члена имаа три ѕевгари, еден ипол му одзедоа, три вола. Јанковци со 15 члена дома од двата ѕевгари, трите вола му ги одзедоја. Велјановци со 15 члена во куќата со два ѕевгари, трите вола Карче, Маџар со рогот скршен и Шишко ги одзедоја, остана само Шарко, но тие три волови не беа доволни да дадат 3 000 кила месо, март 1950 година. Затоа дедо Ристе ја отера и кравата Мешла и прикупи добитци од сточниот Пазар во Прилеп за да ја надокнади одредената сума, кила месо.

Дедо кога ги потера воловите за Прилеп Карче рикна и пушти една лепешка, отиде баба ја зеде лепешката, ја бакна, се расплака и ја залепи на ѕидот од кочината и стоеше долго време како спомен од тој настан.

Јованоски Богдан беше четири члена во семејството, имаше два ѕевгари, му треба едниот ѕевгар, сивите волови му ги зедоа. Колевци Велевци 11 членови во куќата имаа два ѕевгари, едниот ѕевгар му го зедоа. Павлевци Јоновци долните беа 16 члена во куќата, му зедоа повеќе пашити добитци говеда. Таневци Мицевци беа 11 членови дома, имаа два ѕевгари, едниот ѕевгар му го одзедоа. Таневци Трајан дома со 8 члена му одзедоја повеќе пашити говеда. Му бараа канта злато и го испитуваа од каде толку пари нашол да плати за свадбата на синот Алексо во 1946 година за да ја вози невестата со џип од с. Добрушево до с. Марул. Петрески Алексо Бабјак е на отслужување на воениот рок во ЈНА, а додека властите дома му одзедоа 30 кози. Ги имаше повеќе домаќинства во селото на кои му беа одземени пашити говеда. За ваквите недемократски постапки од страна на државните власти за присилното одземање на имотот на народот се испеаја политички песни и поговорки против државните власти од неколку постари марулски жени домаќинки чукајќи сончоглед во оградчето Крстеско Танеско есента во 1951 година.

Еј ти друже Тито,

ни го зеде сето жито,

ни остави трова проја

да ни се ребра бројат.

Ги зеде и воловите

ни ги остави плуговите

со мотики нивје ораме

со гол живот се бориме.

Поговорки: 1. Каде е волето криво, го изеде колективо. 2. Каде е кравата Брешка, замина до возот пешка.

Овие политички песни се пееја со опрезност во јавноста. Управата на колективот беше од млад кадар, скоро сите беа партизански војници, имаат иста судбина како и останатиот народ да слушаат и трпат. Има голема тежина и одговорност. Ќе дојдеа властите и ќе порачаа толку кила жито, толку кила месо, сирење, волна и ред други работи, а нема разбирање од квалитетот на земјата дали можи да се исполни нивното барање. Во крајно време ја понамалуваа надницата на трудот од работниците, за да остварат две работи. Да ги задоволат потребите на властите и да се прехрани месното население. Уште пострашно беше кога во ноќно касно време ќе светнеше колата од ОЗНА – УДБА наречена марица. Штотуку ќе дојдеше под селото и ќе угаснеше светлото на возилото марица. Никој не знае каде одат и што бараат. Се слушаше шепотење од постарите или некого ќе го сослушуваат или некого ќе го забираат. Народот животот го живееше во стрес. 

Продолжува

Loading