Елена Велевска наскоро со ново на естрадата
По разводот ужива во личната слобода крај охридскиот брег
Само дома си е дома, и официјално со прилепска адреса
Фолк-пејачката Елена Велевска во последниве неколку месеци прилепчани може да ја видат во родниот град. Таа и официјално од октомври минатата година е со живеалиште во Прилеп. По турбулентниот заеднички живот со поранешниот сопруг, ја добила слободата и живее спокојно. За љубителите на фолк – музиката подготвува нови хитови. Откако беше постојано во центарот на вниманието на јавноста, за неделникот Зенит ги открива плановите.
Интервјуто го реализиравме по телефон додека Елена со трите деца беше на една од охридските плажи.
Што прави последно време Елена Велевска на фолк естрадата?
-Најмногу сме сконцентрирани на работа во студио. Работевме нови проекти, познати песни, материјали кои ќе останат да се вртат низ медиумите. Моментно сме во Охрид на малку одмор, приватно, со децата.
Ново од продукцијата на Елена Велевска, класичен фолк турбо или нешто старо во некоја помодерна стара традиционална музика?
-Досега работевме на македонска традиционална. Сега размислуваме на нешто модерно, урбано. Една дуетска песна. Во преговори сме. Ннема да откривам со кого, но се работи. Всушност, се два дуета. Едниот за македонскиот пазар, а другиот за бугарскиот. Тоа ќе биде од септември, откако ќе завршат летните одмори и ќе почнат медиумите да фунционираат, и кога се очекува смирување на состојбата со короната.
Колку пандемијата Ви претставува пречка во продукцијата на Вашите песни и ситуацијата воопшто заради забраната на концерти, јавни настапи?
– Ситуацијата на сите ни пречи, особено мене и на моите колеги од естрадата. Бевме доста засегнати овој период, бидејќи не се работеше. Одмараме од 8-ми март. Се надеваме дека брзо ќе се средат работите и во нашата држава. Само да бидеме принципиелни и одговорни за мерките за заштита на јавното здравје. Чекаме поволен период. Во меѓувреме, размислуваме што треба да снимиме во прилог на бизнисот.
Што се бара, што има поголема курентност на пазарот?
– Традиционалното е она што е неизбежно да го зачуваме, да го обновуваме и да го понудиме на пазарот, бидејќи загарантирано ќе помине. Но, она што нé прави да бидеме естрадни уметници во вистинска смисла на зборот е тоа што ни се потребни авторските песни. Тоа останува зад нас. Традиционалните се традиционални. Доста ја негувам таа музика, но се работи на тоа да бидеме имиња кои што имаат хитови зад себе.
Хитови од новиот така да го наречеме нов турбо фолк бран може да се создадат?
– Тоа оди. Нам многу ни недостасуваат тие клубови, дискотеки за да можеме да го афирмираме тој стил. Она што е најлесно се снима – ,,народњак,, останува, како и традиционалната песна или свадбарската или некоја печалбарска која ќе донесе турнеја. Некогаш сакаме да се изградиме и да покажеме дека стилски сме јаки како естрадни уметници, а некогаш е во прашање и оставање на народен хит како што беше во последно време мојата песна ,,Срце бакшиш ќе ти дадам,, која одлично помина кај народот или од поновите песни ,,Недостапна за тебе,, и други.
Прилепчанка си, ќе правиш промоција овде во Прилеп?
– Би сакала тоа да биде така. Јас сум со живеалиште на прилепска адреса од октомври. Многу ми одговара Прилеп. Човек само кога си е свој на своето, мислам дека добива најмногу на големина.
После разводот посветена си на децата и веруваме немате некои посериозни проблеми на релацијата со поранешниот сопруг?
– Секогаш ги оставам работите мирно да се завршат, но во прилог на децата. Во интерес на двајцата ни е да се одвиваат работите мирно.
Дали во меѓувреме најдовте алтернатива за поранешниот сопруг што е и нормално, бидејќи сте млада и атрактивна? Симпатија или нова љубов?
-Нема засега такво нешто. Сега најбитно е да функционирам мирно како што сакам. Со ова си ја купив слободата која што ми е многу потребна за да функционирам како што треба. На естрадата и одлично ми оди.