ПОБЕДА ЗА КОАЛИЦИЈАТА МОЖЕМЕ

Предвремени парламентарни избори

Izbori 1

СДСМ и коалицијата Можеме прогласија победа на предвремените парламентарни избори. Лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, неколку саати по завршувањето на изборите кажа дека според резултатите на нивниот аналитички центар, СДСМ и Можеме имаат освоено 49 пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ 46.

Според неофицијалните првични резултати од Државната изборна комисија, за коалицијата Можеме се 36,12 %, а за ВМРО-ДПМНЕ 34, 85 % или 46 со 44 мандати. ДУИ имаат 15 мандати, ААА имаат 12, Левица 2 и ДПА еден пратеник.

Izbori 2

До затворањето на весникот, во Изборната единица 4, каде е и Прилеп, според првичните неофицијални резултати за коалицијата Можеме гласале 77.188, а за ВМРО-ДПМНЕ гласале 74.444. Односно по 10 мандати. Во Прилеп за коалицијата ВМРО-ДПМНЕ гласале 17.366 гласачи, а за коалицијата Можеме 17.074 гласачи.

Заради корона пандемијата се спроведе тридневен гласачки процес. Со право на глас на предвремените избори за пратеници во Собранието на Македонија во избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.263.

 Во мирна демократска атмосфера минаа предвремените парламентарни избори во средата. Ѓраѓаните по десети пат од независноста на државата, со својот глас им дадоа виза на новите пратеници во законодавниот дом.

Своето право на глас можеа да го остварат 64 004 прилепчани. Гласањето се одвиваше непречено со спроведување и почитување на мерките за заштита, информираат од општинската изборна комисија.

 Се гласаше на 130 избирачки места, наместо на 142 бидејќи 12 се соединети зашто имаат под десет регистрирани гласачи, а 13 избирачки места се дислоцирани за задоволување на просторните услови за безбедно гласање.

Izbori 3

Ден претходно пријавени за гласање беа 489 болни и изнемоштени. На 13 јули пак во Прилеп правото на глас имаа 29 лица заболени од Ковид 19 или пак кои се наоѓаат во изолација. Гласањето се одвиваше според строго утврдени критериуми и препораки од страна на Комисијата за заразни болести и СЗО.

За 20те пратенички места  во изборната единица 4, каде што е и Прилеп избирачите имаа понуда од 12 политички партии и коалиции.

Izbori 4

Loading