НАПРЕДОК И РАЗВОЈ

82381996 118696066555696 3554068021651547534 o 1Миле Талески, претседател на ОО на СДСМ и кандидат за пратеник во четвртата изборна единица од коалицијата “Можеме”

На овие предвремени парламентарни избори, граѓаните имаат едноставен избор: со СДСМ добиваат повисоки плати, повисоки пензии, нови работни места, нова развојна економија, силни инвестиции и повеќе пари во семејните буџети, а со ВМРО-ДПМНЕ добиваат обнова на режимот, богатење на само неколку поединци од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатите три години, направивме многу за Прилеп и за државата, а во следниот четиригодишен мандат можеме уште повеќе. Кога се работи чесно и одговорно, има пари и за подобар живот за граѓаните. Токму тоа го покажавме во минатите три години. Во градот и во населените места се случува градежна офанзива, буквално во секој дел од општината.

Реконструкцијата на булеварот ,,Гоце Делчев,, комплетно рехабилитираните улици ,,Самоилова,, ,,Андон Слабејко,, ,,Београдска,, ,,Петта Прилепска бригада,, ,,Самоилова,, ,,Војводинска,, и педесетина други ширум градот, асфалтирањето на улици во населените места Големо и Мало Коњари, Лагово, Алинци, Галичани, Кадино Село, Канатларци, изградбата на патот до прилепското вештачко езеро, до манастирот ,,Св. Никола,, над село Прилепец, изградбата на клучката кај ТИРЗ која е во финална фаза, изградениот ИКТ Центар близу касарната, покажаа дека СДСМ работи исклучиво во интерес на граѓаните, а во следниот период вложуваме уште повеќе во инфраструктурата. Градиме 260 км. автопати, 300 км. експресни патишта, 900 км. локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1500 км. постоечки патни правци. Во населбата Точила, во следниот мандат градиме 70 социјални станови. Социјалната веќе ја покачивме за 300 отсто, со што ја покажуваме нашата искрена грижа за најранливите категории.

Покажавме дека стоиме на дадениот збор и ги покачивме платите, а во следниот период ќе растат уште повеќе. Минималната плата, која во време на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше мизерни 9.000 денари, ја покачивме на 14.500, а во следните четири години ја креваме на 20.000 денари. Просечната плата која исто така ја зголемивме, до крајот на 2024 ја креваме на 34.000 денари.

Нашата грижа за возрасните, ја покажавме на дело. За две ипол години, овозможивме секој пензионер, секој месец да добива 722 денари повеќе. Во новиот мандат пензиите ќе растат паралелно со платите, а минималната пензија ќе ја покачиме на 10.700 денари. Сите пензионери кои земаат пензија до 15.000 денари ќе добијат и платежна картичка од 9.000 денари. Ги зголемивме и платите на здравствените работници, токму тие се првата борбена линија во битката со коронавирусот. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри до 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, на останатите здравствени соработници за 15 отсто, а во иднина продолжуваме со уште посилна поддршка за секторот здравство. Ги покачивме и платите на вработените во образованието, ја покачивме социјалната помош за 300 отсто, со што успешно го реализираме концептот за враќање на парите назад во рацете на граѓаните. Повратот на пари преку проектот ,,Мој ДДВ,, во следниот мандат го креваме од 600 на 800 денари месечно.

Со цел олеснување на животот на граѓаните во време на кризата предизвикана од КОВИД-19, ваучери од 6000 денари за летување во домашни туристички објекти и платежна картичка од 3.000 денари за купување домашни производи, со што истовремено ги помагаме и домашните компании. Покрај стечајците и пензионерите, платежна картичка со 9.000 денари ќе добијат самохраните родители и сите невработени лица кои не се активни баратели на работа. Воведовме и антикризни мерки со кои државата им исплати по 14.500 денари нето плата по вработен на фирмите погодени од коронакризата.

До крајот на новиот мандат, уште повеќе го поддржуваме стопанството. Износот на странските инвестиции ќе достигне најмалку една милијарда евра, а ќе насочиме 600 милиони евра финансиска поддршка кон домашните компании и странските директни инвестиции, за развој и нови работни места.

Прилеп е град на тутунарите. Ја знаеме тутунарската мака, затоа ги зголемивме субвенциите на 80 денари за прва класа, 70 за втора и 60 за трета. Во изминатите три години со СДСМ, се постигнуваат и рекордни просечни откупни цени на тутунот. Во периодот пред нас, обезбедуваме годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од 200 милиони евра, воведуваме целосно субвенционирање на ,,зелената нафта,, и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците.

Слободно и гордо велам дека за три години направивме пресврт на подобро и ја извадивме земјата на прав пат. Станавме членка на НАТО, а можеме и во ЕУ.

Со новата Влада предводена од СДСМ и коалицијата ,,Можеме,, ќе расчистиме целосно со груевизмот и неговите остатоци во судството. Сета сила и енергија ја вложуваме во воведувањето ред, еднаш и засекогаш. Градиме држава во која виновните се казнуваат, а праведните напредуваат.

Во следните четири ние можеме уште повеќе и уште подобро. Затоа ги повикувам граѓаните на општина Прилеп, да го заокружат бројот 3, да изберат напредок и развој, а не враќање назад во изолацијата и темното минато.

Loading