ИЗБИРАМЕ ПОВЕЌЕ ЗА СЕКОГО

Petar Risteski - samПетар Ристески, претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ и кандидат за пратеник во четвртата изборна единица

Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја. На 15 јули избираме меѓу хибридниот режим на власт на Зоран Заев или програмата проект ,,Обнова на Македонија,, кој нуди повеќе за секого на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Избираме меѓу повеќе за Заев и неговите криминални инсталации, или повеќе за секого.

Во програмата ,,Обнова на Македонија,, стојат повеќе од 1.000 проекти за кои целосно се обврзуваме дека ќе бидат исполнети. Програмата е на еминентни експерти од секоја област и гарантира целосна обнова во сите општествени сфери на живеењето.

Зошто граѓаните да ја поддржат ОБНОВАТА и да го заокружат бројот 14 на 15 јули?

Ветуваме обнова која ќе донесе од 4-5 отсто раст на БДП во една година и домашни и странски инвестиции во вредност од 4 милијарди евра за 4 годишниот мандат. Ќе ја намалиме невработеноста под 10 проценти преку креирање на нови високо-квалитетни и добро платени работни места. Над 12.000 пензионери од Прилеп и над 320.000 во целата држава ќе земаат 20 отсто повисоки пензии, а платата на работниците ќе се зголеми за цели 25 проценти.

Се обврзуваме на огромни инвестиции во образованието, културата и спортот. По 1 денар од продажбата на дизел горивата, или по 800 милиони денари на годишно ниво ќе се слеваат во овие три сектори. Ќе изградиме 20 нови училишта и ќе реконструираме над 50, Прилеп ќе добие нов театар и ќе биде завршена реконструкцијата на градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,.

Се обврзуваме на зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование според колективните договори и ќе достигне 36.700 денари.

Проектот кој живот ќе значи за Прилеп и целиот Пелагониски регион е изградбата на автопат од Прилеп до Битола и грчката граница, како и завршување на изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско.

Во програмата предвидуваме 640 милиони евра субвенции за земјоделците и сигурен пласман на земјоделските производи.

Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ бескомпромисно ќе се справува со корупцијата, сивата економија и ќе овозможи правда и правичност за сите граѓани. Обновата е последна шанса да се избориме за тоа. Ќе донесеме Закон за испитување на потеклото на имотот на јавните функционери, судиите и јавните обвинители и ќе бидат ослободени сите неправично осудени во политички и монтирани случаи.

Се обврзуваме на големи реформи во поглед на јавните финансии и трошењето на народните пари. Ќе го вратиме рамниот данок со стапка од 8 отсто за данокот на личен доход и данокот на добивка до 2022 година. За младите до 29 години за првото вработување ќе следува ослободување од данок на личен доход за работодавачите. Буџетскиот дефицит ќе се ограничи на ниво до 3 отсто од БДП, а јавниот долг на државата нема да смее да надмине 60 проценти од БДП.

Почитувани согрѓани, ова се само мал дел од проектите и мерките со кои излегуваме пред вас и ја бараме вашата поддршка. Прочитајте ја програмата ,,Обнова на Македонија,, каде има од сé по нешто за секого. Ова е програма правена заедно со вас, заедно со експерти и професори. Приклучете се на обновата на татковината, ако не сега, тогаш кога? Гласајте за број 14, за ВМРО-ДПМНЕ за Република Македонија каква што сите заслужуваме!

Loading