ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА НАМЕСТО ДА ПРЕЧИСТУВА ОТПАДНИ ВОДИ, СТАНУВ АНОВ ЗАГАДУВАЧ?

Dejan ProdansokiОК ВМРО-ДПМНЕ:

Потпретседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, презентирајќи видео материјали и фотографии праша дали пречистителната станица наместо да пречистува отпадни води стана нов загадувач. Јавноста ја информирале за уште една негрижа за општествениот имот од функционерите на СДСМ.

– Пречистителната станица, која е дело на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и за која беа вложени околу 10 милиони евра, требаше да  го реши отпадните води и да овозможи чиста и здрава животна средина. Но, изминатите денови воопшто не е така! Граѓани доставија фотографии и видео материјал, на кој се гледа дека наместо пречистена вода, од станицата излегуваат фекалии и одново се слеваат во водите на градската река. Истото се случувало и синоќа околу 19 часот.

Прашуваме, дали е вистина дека поради негрижа, од 5 пумпи во пречистителната станица работи само една пумпа?, дали директорот на ЈКП Водовод и канализација, под чија надлежност е станицата, брзајќи да ја натрупа со партиски кадри, заборави дека објектот треба да се одржува?, за ова ли граѓаните плаќаат 60 отсто повисоки сметки за вода, иако градоначалникот им ветуваше дека ќе ги намали за 20 отсто?.

Precistitelnata zagaduva - obvinuva  VMRO-DPMNE

Ги повикуваме Илија Јованоски и Миле Талевски итно да го спречат ова потенцијално ширење на зараза и загадување на почвата. Го повикуваме и Инспекторатот, како и Министерството за животна средина веднаш да проверат што се случува во пречистителната станица во Прилеп. Ги потсетуваме дека 85 отсто од парите за градба на оваа станица, претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги обезбеди од Европската Унија.

Со фотографиите и видео материјалите со кои располагаме ќе ја запознаеме канцеларијата на ЕУ во Македонија, како и Евроамбасадорот Самуел Жбогар – рече на прес конференцијата Проданоски.

Реакција на изјавата на Јанески

ФЕКАЛНА И НЕЧСИТА ВОДА, А НЕ ТЕХНИЧКИ ИСПРАВНА

На објавените снимки и фотографии кои ОК ВМРО-ДПМНЕ ги доби од граѓани, јасно се гледа дека од пречистителната станица излегува фекална и нечиста вода. Емил Јанески, директорот на ЈКП Водовод и канализација, вели дека тоа била технички исправна вода. Снимките и фотографиите се од изминатите денови, кога во повеќе наврати се случувало, од станицата која е изградена за прочистување на урбаните отпадни води, да излегуваат фекалии и да се шири непријатна миризба. Јанески треба да одговори како дозволил да пропаѓа објектот, кој во најголем дел е граден со европски пари. Го повикуваме Јанески, заедно да отидеме, да ископа и да се увери, дека дел од фекалниот отпад и тињата што излегуваат од пречистителната станица се закопуваат во околните ниви – реагираа од ОК на ВМРО – ДПМНЕ на изјавата на Јанески.

Precistitelnata zagaduva 1 -  obvinuva VMRO-DPMNE

Loading