ОБВИНУВАЊАТА Е НОВА ЛАКРДИЈА НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ

Emil Janeski - direktor na JP  ViKЕмил Јанески, директор на ЈП Водовод и канализација:

Водата која од пречистителната станица што излегува во градската река, во континуитет е технички исправна. Ваков одговор даде Емил Јанески, директор на ЈКП Водовод и канализација. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ изнесол целосно неточни и паушални информации, поврзани со функционирањето на пречистителната станица.

-Пречистителната станица не е опасност од загадување. Тиња може да излезе од станицата во услови на огромни поројни дождови. Такви немаше во минатиов период. Имаме дозвола за испуштање на водата преку ,,бај-пас,, за да не се задуши функционирањето на комплексот. Второ, тиња може да се случи во услови кога секундарните таложници се полни, па сé до моментот кога вишокот на тиња треба да се врати назад во био-реакторот. Но, тоа е процес од неколку минути додека се завртат вентилите кога ќе се забележи дека има вишок на тиња кој не пошол во метан-танкот за производство на гас. Станицата една ипол година ги пречистува отпадните води и функционира беспрекорно. Континуирано испушта технички исправна вода. Подготвени сме за секаква контрола. Во станицата функционираат 84 пумпи, од кои 63 ,,вило” пумпи,, 4 ,,архимедови,, пумпи и 17 ,,сипекс,, пумпи. Не знаеме кога се направени снимките и фотографиите. Можеби се од периодот на тестирањето пред да биде пуштена Пречистителната станица. И, да е така, за 20 секунди не може да загадув – објаснува Јанески.

Precistitelnata stanica - JP  ViK

Тој додава дека има две пумпи во ,,метан-тенкотм, на кои им е потребно сервисирање. Тие не влијаат на пречистувањето, туку на производството на гас.

-Лаички слушнале дека има проблем со две од пумпите во метан-танкот. Тие се под гаранција. Го чекаме бугарски изведувач да ги сервисира. Се правдаат со корона вирусот, но доколку не дојдат, пумпите ќе ги сервисираме и ќе го тужиме изведувачот. Тоа не прави проблеми во пречистувањето, туку го намалува производството на гас и ни создава поголеми трошоци – рече Јанески.

Според Јанески, бидејќи не бил запазен рокот за изградба на пречистителната станица предвиден со договорот на нашата држава со ЕУ, а тоа е 31.12.2017 година, сите средства за градба после тој датум, паѓале на товар на државниот буџет.

-Актуелната влада во 2018 година издвои 4,5 милиони евра за изградба на станицата, кои одат на душа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која успеаја да укради 2 милиони евра и дополнително го оштети буџетот со споменатите 4,5 милиони евра. Односно, на граѓаните им е направенаи штета од 6,5 милиони евра – рече Јанески.

Vodata e tehnicki ispravna - tvdi Janeski

Тој ги повика МВР и Јавното обвинителство да ги земат документите од ЈКП Водовод и канализација и од Министерството за финансии и за заштита на животната средина и конечно да се заинтересираат за овој случај.

Loading