ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (55)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникотЗениттој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Писменоста на Јовчески Ванѓел

Јовчески Ристев Ванѓел (27.7.1912 – 31.1.1997). Неговата писменост ја стекнал сам на свој начин со неговото време без никаква припремана настава од некое просветно лице. Писменоста ја владееше подеднакво кирилицата и латиницата.

Во есента 1915 година кога дошле германските воени власти во Марул, еден германски воен офицер со чин пуковник по име Франк се населил во една соба на Јовчески Ристе и тука останал сé до капитулацијата на Германија во ноември  1918 година.

Малиот Ванѓел се спријателил со германскиот офицер поради тоа што често таму му давал чоколадо на Ванѓел и плачел за неговите невидени деца во Германија. Ванѓел го следел германскиот офицер во пишувањето и така ден за ден, буквите буквално ги совладал од латиницата. Додека буквите од кирилицата ги совладал преку бугарските кувари во Стеваноската куќа каде била сместена бугарската воена кујна на полесен начин, јазикот бил поразбирлив.

Откако се десило силувањето на тетка му Петра од кое умрела, Ванѓел добил страв, траума три години не можел да се смири душевно, често пати бил носен по бајачки и лекари. Тогаш лекари биле помалце и со самиот растеж стравот кај Ванѓел исчезнал. Српската власт поново се враќа во вардарска Македонија и преку писмата што доваѓаат дома од српската администрација и со помош на неговиот татко Ристе ги научил Ванѓел и српските букви. Во заедница со Јанкоски Богдан, близок комшија почнале да составуваат од буквите, зборови. Времето одминувало, Ванѓел писмено се усовршувал. Веќе почнал да чита на двете азбуки, кирилица и латиница. Со доаѓањето на Бугарите во 1941 година во вардарска Македонија, Ванѓел со памтењето на бугарските букви од Првата светска војна почнал да го влада и бугарското писмо.

По капитулацијата на царска Бугарија во 1944 година Јовчески Ванѓел се приклучува во позадината за економска помош на македонската војска на НОБ, партизанското движење во Македонија. Во 1946 година постанува член на Црвениот крст во општината Старо Лагово. Во 1948 година Јовчески Ванѓел и Јованоски Димитрија се именувани за одборници во с. Марул со мандат од една година.

Јовчески Ванѓел за времето на Колективот во 1950 година летото е избран за инспектор во селската работна задруга во с. Марул за главен инспектор против корупција и мито. Во летото 1951 година Јовчески Ванѓел и Петрески Ванѓел Бабјак еден месец ударници во Босанска Крупа во Република Босна и Херцеговина да сечат дрва. Во истата година 1951 летото на сред селото во с. Марул почна да се гради задружниот дом. За потребите на селската работна задруга т.е. селски дом.

Оваа зграда се градеше во летото, камењето беа нови, цепени со експлозив од над Колеската орница во орев и туркани во орницата, од тука се товараа со запрежните воловски коли и се носеа на сред селото каде се градеше домот. Иако беше летно работно време, но имаше стално наизменично дежурни запрежни коли кои носеа камење покривот, дограмата, покривот и ред други работи потребни при градбата за задружниот дом во с. Марул. Домот е долг до 12 метри преграден со два подруми, визби. На горниот спрат има долг ходник, една голема соба, просторија со два прозорци беше наменета за одржување состаноци, конференции. Средната соба, просторија беше наменета соба за архива. Оваа просторија има еден прозор. Западната крајна соба беше за службата како административна соба која имаше два прозорци. Собите во подрумот имаа по еден прозорец со решетки, по една врата.

Горниот спрат на собите беа на душеме, патос кој лежеше на греди ковани, штиците финирани направени женско машко. Висината на ѕидот на зградата беше преку 11 метра. Прозорите беа широки, современи, со исто така современи врати. Влезната врата беше двокрилна. Скалите беа на западната страна ѕидани со камен. Мајсторите беа од с. Вевчани, мешани Македонци и Турци.

Таванските греди беа чамови, округли на кои беа ковани колците и малтарисани таваните. Материјалот за покривот, дрводелијата беа чамови бичени греди, исто така и летвите за под ѓерамидите беа од чамов материјал. Покривот под ѓерамидите не беше послан со трска, коци него наголо ѓерамидите лежеа на летвите емајлите односно аглите на покривот беа покриени со капаци исто така и ѓерамидите како и капаците беа нови од фабрика.

Оваа зграда од подот на визбата па до покривот е висока преку дваесет метри. Зградава го красеше ликот на селото и беше после канатларскиот дом најубава зграда во околните села. Ние како деца одевме и гледавме како ја ѕидаат мајсторите зградата, во смеа потфрлуваа по нас со малтар највероватно не предупредуваа за да не одиме поблизу за да не се деси некоја незгода. Откако се отвори задружниот дом за прославата на домот имаше свечано читање од срана на раководството на задругата и значењето на домот. Рефератот го прочита претседателот на задругата Јованоски Цветан Крушка. Целокупната архива и службениците беа преселени од Тодороската куќа во новиот здружен дом на средселото таму кај Тодоровци остана само задружната коперација – продавницата. Со отворањето на задружниот дом почна да доаѓаат дневни новини со разни карикатури кои беа со притискачи притиснувани на ѕидот.

Се покрстија две улици. Улицата од влезот на селото од кај Таневци и Петре Бабјак преку средселото до училиштето се викаше Велјан Новачески Марулец загинат против Германците на 26.9.1944 во Прилеп. Број 2 улицата од средселото преку средно маало преку јужно маало покрај куќата од Василоски Милан па се до чешмата Танеска го носеше името Лазар Колишевски. Овие улици беа обележани, означени со метални табли на задружниот имаше по една табла со имињата на Велјан и Лазар за улицата на Лазар Колишевски имаше табла на куќата Јанкоска и на куќата од Милан Василоски кои стоеја се до 1960 година. Исто така за улицата на Велјан Новачески имаше табла на куќата Танеска.  

Продолжува

Исправка: Во Фељтонот број 53 во посетувачки на шивачкиот курс во село Марул од 20 јануари до 20 март во 1963 година, треба да стои името на Вељјаноска Донка

Loading