КИВИ ПРОTИВ ТРОМБ И ЗГРУТЧУВАЊЕ НА КРВТА

Сокот од киви нужно е да се воведе во секојдневната исхрана. Благотворен е на организмот, оти е преполн со разни здрави состојки. Тој е одлично средство против проблеми со песок во бубрезите и жолчното кесе. Содржи големо количество на калиум и влакна. Тие штитат од срцеви болести.

Сокот од киви ги чисти бубрезите, мочниот меур и жолчната кеса од песок и камчиња, спречува кардиоваскуларни болести, тромбови и згрутчување на крвта. Кивите го намалуваат ризикот од мозочен удар, ја штитат виталноста на клетките, поволно влијаат на видот и спречуваат очни болести, го поттикнуваат закрепнувањето на организмот, ја штитат ДНК од слободните радикали, но и од срцев инфаркт. Кивите го детоксицираат организмот, го подобруваат имунитетот и спречуваат масни наслаги. Тие ги ублажуваат симптомите од бронхитис, хронична кашлица и други белодробни болести. Дури го зголемуваат белодробниот капацитет дури за 32 отсто. Влијаат на олеснување при болно кашлање. Ова овошје го отстранува целулитот и придонесува кожата да остане здрава. Влијае на растот на способноста за памтење.

Дневното количество на сок не треба да биде повеќе од две чаши, и тоа разблажени со вода, бидејќи може да се предизвика алергија на киви.

За сок се потребни 1,5 кг, свежо излупен киви, 500 гр. шеќер и 1,5 литар вода. Излупените киви се сечкаат, се ставаат во блендер и се мелат. Се цеди низ цедалка да се ослободи што повеќе сок. Водата се става да врие. Зовриена се остава да се излади. Во процедениот сок се додава преварената и изладена вода и 500 гр. шеќер. Се меша 20 минути да се растопи шеќерот. Се складира во стерилизирани стаклени шишиња и се чува во фрижидер. Пред употреба се разблажува со вода.

Најдобро е да се јадат свежи плодови и свежо исцеден сок од киви. Вака приготвениот сок е еден вид конзервирање за полесна и побрза консумација. Термички не се обработува и се сочувуваат сите хранливи состојки.

Сокот содржи витамин А, Б-комплекс, витамин Ц, Е, К, селен, калциум, калиум, фосфор, каротеноиди, железо, хлорофил, лутеин, јаглени хидрати, флавоноиди. Се препорачува и во исхраната на мали деца.

Loading