НИКОГАШ НЕМА ДА ВИ ПРОСТИМЕ

pismo-2

Во текот на милениумите, со дадените илјадници животи, Македонија ја потврди и зачува својата историја, македонски јазик, име. Задача на актуелните политичари не е да ги промени, туку да ја брани нивната неприкосновеност. Секој друг договор, всушност, претставува само заговор против Македонија. Секој народ што ја нема дисциплината да се носи со предизвиците на секое време, ризикува да ја загуби државата. Не смееме да бидеме бедни балкански измеќари со скршено минато и неизвесна иднина. Дрво без корен. Каква е таа среќа кога се уништуваш себе си. Не условуваат држави кои некогаш служеа за потсмев.

Пробни балони имало и ќе има. Овие денови на 183-то заседание на воениот комитет на НАТО, на мониторот пред нашиот претставник пишуваше: М.К Скопје. Се разбира ,,по грешка,,. Ни ја скрнават позицијата која ни ја дадоа. Консултирајте ја логиката. Можеби таков е и договорот кој неовластено го потпишале ,,нашите,,. Се исполнува барањето на Грција: во името, наше, воопшто да не постои зборот Македонија. Но, и клетвата на Елините кога Александар Македонски ги порази и им ја запали Теба (овај збор не е позајмен од речникот од оној кој што го пцуе сопствениот народ) тоа е градот Филиполис, денешен Пловдив.

Сé е скриено од граѓаните на Македонија. Што ние претставуваме, збунети, без идеологија, без сопствена филозофија. Постоиме само како суштества, самообезвреден и исчашен човек, со поразено достоинство. Кој е нашиот интерес да си ја уништуваме сопствената држава за ништо. Каде се интересите на Македонија во меѓународната политика. Ставени сме пред чуден предизвик, под притисок и уцени да мора да го докажуваме постоењето на сопствениот јазик, сопствената историја, идентитет. Веројатно апсурд без преседан во историјата на целата светска дипломатија. Целта е јасна. Завршува времето на нашето постоење. Издресираните гледаат само навивачки.

Мислев дека мора да се брани нашата многугодишна инвестиција, не во капитал, но во образ. Гледам дека не вреди. Сенамерија да не дотолчат. Да не снема. Тоа потполно си го заслужуваме со нашата неразумност кога уште има луѓе кои даваат поддршка во уривањето на својата држава.

После сé ова што се случува на идниве избори не треба на власт да ги втурнеме да страдаат чесните, разумните и патриотите. Треба да си остане истава оваа власт и да си крчкаат во мочуриштето и живиот песок кои сами си го создадоа. Што ќе им е на другите власт во уништена држава во секој поглед.

Не е можно народот да не експлодира. Набрзо ќе стаса генерација со која се ќе си дојде на свое место. Само што македонската историја ќе биде збогатена со имињата на оние кои ја обезличија Македонија и македонскиот народ.

Познатиот писател и адвокат Франц Кафка вели: ,,Кој решил да се самоубие, никој не може во тоа да го запре,,.

Прим. Д-р Б. ДАМЕСКИ

Loading