„ВОЈНА“ СО МАЈСКАТА ГОРЕШТИНА

otvorena sezonata naza kapenje

Спасот од мајската горештина измами неколку деца да ги соблечат алиштата и да ги собујат патиките и угул голи да се втурнат во разладување во водите на фонтаната на кружниот тек кај тринаесткатницата. Ја турнаа потта и уживаа во млазевите на шепурките на фонтаната, небаре ги масира и гали вода во џакузи. Ниту стравот од зараза или инфекција од коронавирусот не ги спречи и исплши да се шлапкаат низ ладната вода. Тие ја отворија неофицијално капачката сезона, која годинава тешко дека ќе се одвива во нормални околности низ туристичките места во земјава или во базените. Со овој потег порано, децата објавија “војна” на жештината и удрија ѕвонче за старт на капењето пред календарскиот почеток на летото.

Loading