ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (49)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Во 1981/82 година за во прво одделение за во училиштето во с. Марул се запишани следните ученичиња: Анѓелески Живков Јане Стеваноски, Ристеска Благојева Снежа Дамјаноска, Смилеска Богојева Мариче Тодороска.

Откако поново се отвори училиштето за одржување редовна настава се изменија повеќе наставници. Учителот Уткоски Димче, ношпалец преселен во Битола, учителот Димитар од с. Орле, Мариово, учителката Пеша од с. Чаниште, Мариово, учителката Горда Сејменоска од с. Бонче, учителката Марија Николова од Битола, учителот Перески Гоце од Прилеп од 1980 до 1983 година, кога се затвори училиштето во с. Марул засекогаш.

Исто така дополнителен наставник во училиштето во с. Марул имаше идено Стојчески Дано од с. Канатларци, а доселен од бродско кој го заменуваше наставникот Ѓорѓијовски Митре, охриѓанец од март 1964 до март 1965 година додека Митре го отслужуваше воениот рок во ЈНА.

Генерација која се последни ученици во училиштето во с. Марул во годините 1982/83 сликани заедно со својот класен раководител Петрески Гоце се: Анѓелески Јане, Василоски Тони, Јовческа Гордана, Ристеска Летка Дамјаноска, Ристеска Снежа Дамјаноска, Смилеска Бети Тодороска, Смилеска Мариче Тодороска.

Со затворањето на училиштето во 1983 година децата ученици го продолжија своето школување распространети. Некој во околните села кај свои роднини и пријатели. Некој во своите ново изградени куќив о прилеп во присуство на свои најблиски баби и дедовци. Некој пак во интернат.

Деца родени во Марул го започнале своето редовно школовање во с. Марул, но не го завршиле своето образование во с. Марул од неколку причини:

Атанасоски Алексов Гога Ѓорѓија Џорџ Танески роден во 1952 година исселен во Прилеп 1961 година;

Митрески Цветанов Веле Крушка роден во 1951 одеше забаваче во 1957/58 го зеде прво одделение иселен во Прилеп 1958 година;

Јошески Блажев Данчо Илијоски роден 1950 година иселен во Прилеп 1958 година;

Петреска Атанасова Марија родена 1952 исселена во Прилеп 1964 година, Марија е Мурџеска;

Ристески Китанов Димче роден 1949 иселен во с. Ерековци во 1959 година;

Тошеска Благојева Тодорка Јолеска родена 1954 година во 1960 година забаваче се исели во Прилеп 1960 година.

Служители во училиштето во с. Марул

Трајкоска Василица Менка од 1944 до 1951 година;

Новачески Јован од 1951 до 1963 кога умре;

Павлески Игне од 1963 до 1974 кога се исели во Прилеп;

Меѓувреме привремено имат служено Петрески Митре Бабјак, во 1958 година, Павлески Аце во 1958 година, Јованоски Алексо во 1961 година.

Маркоски Борис и Маркоска Верка родени во селото Мало Рувци по мајка му Василка, ќерка на Јованоски Илија Крушка доселени во Марул за да живеат во заедница со Илија и Илица Петра, децата Борис 1941 и Верка 1943 година учењето го започна во Марул во 1951 година се иселија за с. Галичани со плачење.

Откако беше донесена одлука за конечно затворање на училиштето одговорноста ја презеде централното училиште од с. Канатларци. Од училиштето во во с. Марул беше сета дотогашна документација од неговото оснивање од 1944 година сосе нејзиниот дрвесскоп. Со се сите евидентни документи и сите наставнички дневници од работата на наставниците со нивните оценки за учениците.

Беа однесени бројалникот и школската табла, црна со ногалки на едната страна со линии, а додека на другата страна со квадрати со коцки за математика за пишување со бела креда. Таблата се вртеше на двете страни. Однесена е и големата географска карта на титова Југославија.

Се однесени дрвените ученички клупи со по три седишта за шеесет ученици каде седеа три ученици во една клупа. Однесена е печката за затоплување на училницата која работеше на дрва и на камен јаглен.

Училиштето беше оставено само на себе без ничија одговорност. Ден по ден телот со боцки и пет жици заградено училиштето со 1 500 метри тел. Почна да ја пуштат стоката да паси во атарот на училиштето кое беше опустошено од граденото. Го отворија подрумот, визбата почнаа в натре магариња да затвораат. Во летните периоди доаѓаа деца гостинчиња од Прилеп кај своите роднини, баби и дедовци во Марул и си најдоја забавна играчка, задоволство почнаа да ги кршат стаклата од прозорците на училиштето. Прозорците на училиштето се двојни, дупли со по десет пред предели во еден прозорец. Од сто стакла на прозорците имаше здрави само десет стакла и тоа на корните краеви на прозорците каде биле превисоки, недостижни за кршење. За таква вандализација што му беше направена на училиштето никој не реагираше, ниту државните надлежни власти, ниту домашните на гостинчињата, ниту селскиот одборник, ниту пак некој посвесен жител од селото Марул.

Четирите врантрешни врати на собите на магацините, на спалната и кујната ги снема, ги однесоја непознати злобници. Извадени беа електричните штекери, приклучоците и исклучоците.

За време на годишниот одмор во 2006 година наминав кај училиштето, го видов во страшна глетка, слика. Училиштето беше без стакла на прозорците. Училницата наполнета сено. Во визбата лежат овци. Одаите, од разни патници, беа претворени во полски клозети. Ме фати незгода, се вратив према нашата ограда.

На чајрот ја најдов работничката книшка од Јованоски Димитрија, од неговите работни дневници од времето на колективот. Во ендекот на нашата ограда забележав стуткано клопче хратија. Ја одвиткав, тоа беше географската карта на НР Македонија на која учевме на нејзе во трето одделение.

Одам нагоре по ендекот, забележав друга затуткана топка од хратија. Ја отворив тутканата топка од хартија, внатре беа две слики од илинденските војводи од македонските книжевни преродбеници, браќата Миладиновци, Шапкарев, Жинзифов и Рацин. Сите без рамки. Ги донесов во Прилеп. На географската карта и заковав две летви на горниот и долниот крај, ја испеглав колку што можев, ја оспособив за закачување со шајка на ѕидот. Сите слики ги однесов во стакларницата во стариот Центропромет, ги испеглаа и на сите им направија посебно рамки во црна боја.

Во 2007 година за годишниот одмор еден ден отидов во Марул за да се сретнам со чичко Јован Танески поради многу ме интересираа раскажувањата на чичко Јован. Во самите разговори ми рече Јован дали имам интерес да појдиме за да го видиме училиштето. Јас му одговорив: Чичко Јоване јас бев и го видов, катастрофално е разрушено. За негов атер и респект отидовме, го разгледавме, седнавме на западните скали на училиштето и чичко Јован почна да плачи и рече: Овдека во ова училиште изшколував пет деца, срцето ме стега што го гледам во ваква состојба денес се наоѓа училиштето како да ми е некој најближен починат.

Продолжува

Loading