СВЕДОШТВА ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

pismo-2

Грција и Бугарија живеат од присвојување, а светот им аплаудира кога македонското го прават свое. Се шлепаат за сé што е македонско: антика, територија, јазик, историја.

Бугарите немаат своја историја, бидејќи секогаш биле на погрешната страна на историјата. Повеќе од 20 години бугарските новинари користат македонски зборови во својот речник за денес да го докажат обратното. Се случува јазична окупација. Уште ова да се прифати, треба сите да одиме на колективна терапија.

Македонците се староседелци, а Бугарите и Грците се доселеници. Македонците уште во 6 век п.н.е. имале азбучно писмо и свој јазик многу близок до денешниов наш македонски. Старо-словенскиот јазик е заснован на јужно-македонскиот говор.

Познатиот антички грчки писател Атенеј дословно запишал дека античките Грци презеле голем број зборови од јазикот на Македонците. Повеќе антички наративи сведочат за засебноста на античкиот македонски јазик.  Античкиот грчки историчар Аријан јасно запишал дека македонските војници го поздравувале својот омилен генерал (цитат) ,,на македонски јазик,,. Античкиот историчар Плутарх во својата биографија запишал за Александар Македонски кога помислил дека се наоѓа во смртна опасност ги повикал на помош своите телохранители на својот мајчин (цитат) ,,македонски јазик,,. Плутарх запишал дека македонскиот јазик бил мајчин јазик и на славната египетска кралица од македонско потекло Клеопатра седма. Латинскиот историчар Квинтиј Руф во својата биографија за Александар Македонски јасно посведочил дека Македонците и Грците комуницирале преку преведувачи. Посебниот македонски јазик го спомнал и латинскиот филозоф Сенека. Пишувајки за Македонците кои дошле од времето на походот на Александар Македонски и останале да живеат во Индија и Персија, Сенека запишал: ,,од каде македонскиот јазик среде Индијците и Персиците,,? На еден напис во Македонија од 212 година по Христа девојчето Ника било запишано дека припаѓа на семејството кое ,,зборува по македонски,,. Повеќе десетици античко-македонски зборови се сочувани во делото на александрискиот граматичар Хесикиј, кој живеел во 5 век како и во лексиконот ,,Суда,, но и во делата на други антички автори. Во светски познатата енциклопедија ,,Колумбија,, се нудат податоци и зборови со посебно потенциран јазикот на античките Македонци и зборовите од лексиконот на Хесеј. На овој лексикон денес работи Данската академија на науките. Во поглавјето ,,Зборови на народите,, е претставен македонскиот јазик со десетици зборови. Стариот народ Бриги бил еден од составните етно културни елементи на античките Македонци. Бригиските зборови се исти или многу слични на денешните македонски зборови. Има сведоштва од светски лингвисти кои тврдат дека античко-македонските зборови (кои ги немало во грчкиот јазик) биле прифатени во латинскиот јазик од каде биле дисперзирани во некои од современите западно-европски јазици.

Никој не може да ревидира туѓа историја. Жалам што политичарите во Македонија немаат своја автентичност, свое јас. Ако не сме достојни да ја чуваме Македонија, таа ќе си најде друг стопан. Не може да им се даде поддршка на оние кои ја пустошат државата, а нашето молчење нé прави соучесници.

Прим. д-р. Блаже Дамески

Loading