ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ

Во Велинград

030 00 640

– Градските власти секој понеделник се среќаваат со хотелиерите да ги отстранат слабостите и да помогнат во остварување на новите туристички зафати

Во срцето на Родопските планини во централна Бугарија, на надморска височина од 777 метри се наоѓа градот Велинград. Лежи на богатство од термални минерални води. Ова е место со околу 22.000 жители во кое речиси нема невработени. Изобилува со мноштво хотели кои го негуваат бањскиот туризам.

Во најстрогиот центар на градот се наоѓа хотелот со четири ѕвезди Здравец кој нуди врвна услуга на своите посетители. Поседува надворешен и внатрешен базен со минерална вода која доаѓа од изворот Чепино каде извира со температура од 48 степени. Температурата на водата во базенот е 32 степени и во џакузито 39 степени. Спа центарот има соби за масажа, турски амам, бисерни кади, сала за релаксација, третмани со кал од Јордан, чоколадна и винска терапија, арома терапија, пилинг со кафе и мед и професионална масажа. Во склоп на спа центарот се нуди и медицинска екипа која 24 часа врши прегледи и одредува соодветна терапија.

Менаџерот на хотелот кој е дел од поголем синџир хотели во Бугарија, истакнува дека гостите ги исполнуваат леглата и ги користат удобностите и минералните води 365 дена во годината. Покрај гостите од Бугарија, најбројните се туристите од Македонија. Избор за Велинград прават и гости од Србија, Грција, Турција, Русија, Израел, Германија, Австрија и други.

-Преку летото полно е руски туристи, кои заради лековитите својства на минералните води остануваат и до 40 дена. Нема сезона. Имаме туристи постојано. Велинград е полн и во лето и во зима, благодарение на минералните термални води – истакнува менаџерот.

Објаснува дека многу луѓе доаѓаат заради физикална терапија која е лек за многу болести. Цените се достапни и пониски доколку престојот е подолг.

-Владее огромен интерес. Не можеме да им излеземе во пресрет на сите заинтересирани гости. Се доградува уште едно крило во хотелот, специјализирано за физикална терапија и рехабилитација. Тоа ќе биде огромен медицински центар со доктори, медицински персонал и професионални масери за што склучивме договор со турската болница Аџибадем. Речиси е готов, со што ќе го зголеми капацитетот за 40 отсто на сегашните 180 легла – вели менаџерот.

Здравец нуди и одлични угостителски услуги и забава. Наскоро ќе добие и охридски шмек. Менаџерот откри дека е одушевен од култниот охридски ресторан Св. Софија и дека се гради негова реплика во рамки на хотелскиот комплекс, а ќе го опслужува готвачки тим од Битола.

030 20 640

Велинград како дестинација е добро позната за македонските туристи. Во последно време расте бројот на зинтересирани Макеоднци за спа центрите.

-Релакс туризмот е во подем. Тоа е туризам за душата и за продолжување на животот. Затоа се форсира Велинград како најголема спа дестинација. Има причина. Условите за одмор и релаксација се најдобри – велат од  туристичките агенции.

Во Велинград може да се ужива во прошетка низ чаршијата која изобилува со голем број продавници со исклучително квалитетни производи. Локалните жители се пријателски расположени кон туристите кои придонесуваат во развојот на локалната економија. А дека пристапот кон туризмот на најголемата општина во регионот Пазарџик е сериозен, говори податокот што градските власти секој понеделник имаат средба со хотелиерите. Разменуваат идеи и заеднички договараат проекти од интерес на туризмот и градот кој покрај одличните спа центри е познат и по развиената дрвна индустрија.

Loading