СЈАЈНА ЅВЕЗДА НА МЕДИТЕРАНОТ

Анталија

Со златно – сјајната вода и волшебно ситниот песок е небаре салон за убавина

Sinonim za raskos i ubavina

 

Време е за размисла за одмор. Постојат безброј причини за избор на турската Анталија, на Медитеранот. Тешко дека некаде, се најдуваат врвни хотели со ултра инклузив понуди во кои недостасува само “од пиле млеко”.

Турција е меѓу 20 најзначајни туристички дестинации на светот. Километарските песочни плажи, тиркизното море, луксузните хотели, преубавата природа ја прават прекрасна за милиони туристи од целиот свет. Од изобилството Турците го избераат анталискиот регион, Кемер, Белек или Анталија. Нема многу разлика, оти вријат прекрасните приморски места. Плажите мамат во нивните песоци каде се нурнуваат стапалата. Традиционалното турско густољубие го дополнува доживувањето, па чувството е како дома.

Анталија е туристичка престолнина, бисер на Медитеранот, најстара и најразвиена туристичка област, најпосетена туристичка дестинација во Турција, во која веднаш се забележуваат контрасти. Од една страна модерен град со луксузни градби, продавници и широки булевари, а од друга, дел од градот, околу старото пристаниште, уште живее во старото време. Според легендите, римскиот император Марко Антониј овој убав дел од азискиот брег í го подарил на царицата на Египет, Клеопатра. Исклучително чистото море, убаво уредените делови од градот со мноштво зеленила, модерни продавници и етно куќи, се можности. Плус посета на историските места и културните знаменитости во близина. Тоа е збир на привлечност за туристите. “Шлаг” на незаборавното доживување се преубавите плажи, благата клима со над 300 сончеви денови. За Турците, гостинот е крал во спојот на сонцето, песокот и морето. Величественост даваат сјајните плажи, луксузни хотели и историски знаменитости.

Анталија е сместена меѓу карпите во јужниот дел од полуостровот Анадолија. И името значи сјајна ѕвезда на Медитеранот. Градот е обиколен со со планини, шуми, Средоземје и многу древни урнатини. Измешана е историјата и културата. Затоа го викаат главен град на турскиот туризам. Местото ја доживува златната доба, оти се трансформира во културно и историско средиште со тематски хотели кои претставуваат Венеција или катедрали во Москва.

Turska riviera - biser na Medeteranot

Калеици, рустикален стар град во кој се под заштита историски турски и грчки куќи, е најпопуларниот дел од Анталија. Старите куќи одделени со тесни калдрми се претворени во хотели и туристички продавници. До древните градови како Фаселис, Олимпус, Адрасан и Кеков се плови со јахта. Олимпус е место со археолошки остатоци од 2 век п.н.е. Таму е и древниот град Аспендос, познат по неверојатниот амфитеатар.. Неизбежна е посетата на Археолошкиот музеј, со поставка во 12 саемски хали и музејската галерија на отворено. Вреди да се посети водопадот Манавгат, пештерите Караин и Белдиби, водопадите Сарапса Ин, Курсунлу и Дуден, кањонот Корпула. Јужниот брег на Турција е волшебно привлечен, поради прекрасните плажи, живописните заливи, преубавите хотели, топлото море и античките локалитети. Тие мамат милиони посетители, поради кристално чистата вода, се делови од рајот со своето тиркизно море, полни барови и клубови. Со медитеранската клима одморот е исклучително пријатен. А долгите, убаво уредени песочни плажи, топлото тиркизно море искапено со сонце ја прават Анталија една од најпосетените места на турското крајбрежја. Импресивни се археолошките локалитети, живописните пејзажи, неверојатните карпи и скриените заливи. Заведува и планината Таурус. Оттаму погледот е фантастичен. Раскошната природна убавина, различните културни актракции и можностите за спортски активности, се “ситниците” кои ја прават оваа дестинација идеална за одмор.

Иако кујната го шири вкусот во многуте национални ресторани, мискојна излегува од специјалитетите, како сарми, кебапи, тулумби… И луксузните хотели ја сочувале автентичноста на традиционалната гастрономија. Со шетање по градските улици или со шопинг, се чувствуваат сите магии на турските адети. Специфичност на Анталија и на Турција е познатото ценкање по тезгите. Трговците ќе се навредат ако не се обидете да ја спуштите цената на она што сакате да го купите. Најчесто се купува златен и сребрен накит, разни бисери и сувенири, но и производи од кожа.

Анталија нуди богат ноќен живот. Сé е можно, од уживање во романтична вечера до лудување со друштвото до мугри. Шеталиштето долж крајбрежјето е преплавено, поради бројните клубови, дискотеки, барови и кафулиња. Постојат и места со жива музика, а безбројни се и можностите за рок, техно или хип-хоп… Се ужива и во вештината на танчерките со стомачни танци.

Loading