И ЧУВАРИТЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД ЕУРОКОМПОЗИТ

По којзнае којпат неколку десетина работници на Еурокомпозит го блокираа патот Прилеп – Скопје во знак на протест оти пак биле измамени од државата. Овојпат конкретен повод за протест беа неисплатените придонеси од 2012 година до денес покрај владината одлука од октомври лани.

 Работниците велат дека фабриката ја напуштила и чуварската служба, бидејки немале каде да се загреат, поради исклучената струја. Им биле нудени плински греалки, но тоа било одбиено, бидејќи било невозможно долго време да се престојува во просториите без доволно кислород.

-Се јавија од Скопје да соопштат дека Антикорупциска не дозволувала до изборите да се спроведува законот. Владата барала чаре за обебедување на фирмата, оти и чуварите ја напуштија фабриката – вели Пеце Вељаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

Еурокомпозит е државна фабрика за неманско производствосо околу 60 работници кои не одат на работа веќе 4 месеци, поради исклучената струјата.

Loading