Внимание на учениците од СОУ „Орде Чопела“
Дел од учениците на СОУ „Орде Чопела“ по повод денот на жената 8-ми Март, пријатно ги изнадија станарките во домот за стари и изнемоштени лица „Киро Кртески – Платник“. Пригодната празнична програма, учениците од профилот техничар за очна оптика од насоката лични услуги, на припадничките на понежниот пол им ја збогатија со подарок на традиционалното цвеќе, но и со практично средство за читање – очила со диоптер – во ученичка продукција. Изненадувањето кај постарите предизвика насмевка и воодушевување, бидјќи добија помагало со кое полесно и побезбедно ќе се движат и појасно ќе читаат и ќе следат ТВ програми.
Музичката програма се оконча со заедничко дружење на децата со разведрените лица на бабите на раскошната трпеза со вкусните производи од реалната училишна компанија, пекарницата ,,Детелинка,, при СОУ ,,Орде Чопела,,.