ГЛАСОТ НА РАЗУМОТ

148 години од раѓањето на Гоце Делчев

pismo-2

И денес терминот војвода е синоним за Македонец, на непомирливост, на гордост и… тага. Денес Македонија не е само име, туку и идеа и голем пример за слободољубивоста на човековиот дух. ,,Нема власт над онаа глава која е готова да се откине од рамената во името на слободата,, е гоцевата определба.

Гимназија, воена академија, 9 години револуционер. Тоа е гоцевиот живот. Кога не се осознава сосема, Гоце е восприемен повеќе како револуционер. Тој е буден, голем интелектуалец, културно просветлен човек, кој разбрал дека со ентузијазам ништо не се постигнува. Идејата не сака просто жртвување, туку долг и упорен труд.

Гоце е скап на зборови. Ние претпочитуваме да зборуваме за делата. Позната е страста на воините да се изразуваат со малку зборови. И Гоце го усовршува тој квалитет. Силно амбициозен, никогаш не парадира, не сака по ништо да не се разликува од другите. Јасно е дека луѓето на прво место се моралните добродатели.

Животот во воената школа му помага да го разбере големото значење и одговорност на кажаниот збор, тој ги открива сред народот своите идеи и разочарувања, своите најинтимни чувства како вистински револуционер, а не како обичен бунтовник. Сите го разбраа и се воодушевуваат. Сите веруваат во нескршливоста на нивното дело. Срдечноста, младоста, одржувањето на кажаниот збор, го прават пообичен од обичните луѓе и војводи и раководители. Духовната чистота просто му струи од внатрешноста со полна оддаденост на Македонија. Многу војводи не можат да го разберат истенчениот, деликатен, скромен, дури и повлечен Гоце. Но, ете и навикнатите да заповедуваат, му се потчинуваат, гледајќи ја неговата внатрешна сила и чувствувајќиИ го неговиот авторитет.

,,Доброволно си го нагрбивме тој крст, никој не е принуден да го носи. Се зарековме на смрт, кој што ја чувствува тежината на тој крст, кој се плаќи од смртта и жали за својот живот, неговото место не е тука,,. Ете го воениот Гоце, ете го човекот кој не сака никого да заведува. Тој сака внатрешно убедени четници. А обично револуционерите се груби, сурови, дури и тирани. Необичната љубов и вера на тој необичен човек станува љубов и вера на целиот народ. И Македонија се колнеше во неговото име.

Со неговата недипломатичност и неверојатна откриеност, со неспособноста и нежелбата нешто да се скрие што и да било, тој не е чиновник или политичар за да ја премолчува вистината. Не сака да  подготвува послушници, покорни исполнители на неговат6а волја, тоа кој секој друг сака да го постигне по секоја цена. Гоце сака да има осознаени , убедени ,,работници,, на делото.

Дервиш ефенди од Скопје порачува: ,,Кажете му на тој јунак Делчев војвода дека сакам да го видам и да му се поклонам. Сите сме уморени, а тој сам не се уморува,,. Од неговите другари добива прекар Ахил, што ќе рече Брзоног.

Зошто другите не се како него силни, самостојни, сакани од другите? Колку сила и енергија е насочена таму каде што треба колку крв е пролеана меѓу своите, колку души се погодени од куршумите на своите. Но, во нашиот Гоце нема ниту еден таков дел. Тој никогаш не се поддал на ,,револуционерниот бес,, и не пројавил нетрпеливост кон туѓите мненија. Силата на Јане Сандански е во одмаздата, убиство од заседа, победата ја постигнува со убиство на противникот. Гоце претпочитува да убедува, да ги спечали своите противници, а не да ги убива. Не се одрекува од индивидуален терор, но не тргнува по неговиот пат. Знае како да мисли и како да ги претвори мислите во дела. Ништо не прима во чија правда не е убеден. Разбира дека во револуционерната борба е потребно при себе да го има народот. Делчев, идеологот и организторот на ВМРО беше против прераното кревање на Илинденското востание. ,,Крвта на народот е скапа. Не сакаме да ослободуваме трупови, туку жив народ да живее и расте,,. Можеше со авторитетот да го предодврати, да се спротивстави. Но тоа не го направи да не се разделат силите, да не се предаваме на вечната болест на поделби. И тој не се поддаде. Големиот војвода се потчини на општото решение. Започна да работи за востанието (кај нас два-тројца појдоа во Нивице не фермајќи го народното мислење). Не пропушта да зборува со војводите и четниците на неопходноста да се пази на населението, да се избегнуваат излишни страдања и не нужни жртви.

Во годините на револуционерната дејност, од преголемата човечност, од Гоце стравува и страшниот Сандански, кога го консултира за страшната идеја за запленување и откуп (Мис Стоун), Гоце бил воздржан. Но, на шега рекол: ,,Галите стрелаа дури и во небото, во Боговите, кога тоа испраќа молскавици,,. На крај се согласил под два услова: на запленетите да не им се случува ништо и да не се жртвува ниту едно македонско село.

Гоце ги викаше кодошите при себе. Зборуваше за братство и должност за големината на општественото дело. Тие знаеја да плачат како што плачел Јуда на крсот на Исус. И стануваа верни на организацијата. Даме Груев бил против тој метод на работа. ,,Зар е малку е да сме луѓе,, – е одговорот на  Гоце.

Ајдучкото божество Гоце Делчев загина на 31 година. Колку е животот неправедлив. Дали на Гоце му останало време да сака, да се вљуби, не во Македонија. Тој тоа го прави секој миг, секој час, цел живот. Додека неговите врсници брзаат да живеат, овој аскет, посветен на делото, строг кон себе и другите, со сигурност не успеал да се вљуби. Другите не ги паметиме и не ги знаеме. Ќе го заборави ли Македонија некогаш Гоце? Тој живее 31 година и е неверојатно како за толку малку време може да се направи толку многу. Го сакаат и неговите непријатели од малкуте комити на кого не е стрелано од братска рака. Но, Гоце паѓа прострелан од раката на својот другар од военото училиште, мохамединот Хусеин Тефиков. Гоце нему најмногу му помагал при учењето. Таков е Гоце, заштитник на слабите и на онеправдените. Се сретнуваат во Баница, Тефиков како командир и Гоце како војвода на револуционерна чета. Претходно Тефиков е известен за патот на Гоце… (не сакаме да ве разочараме – велат во турските тефтери).

Колку бескрајно многу варијанти може да има човечката благодарност и човечноста воопшто. Убиството на Васил Левски, бугарскиот револуционерен идол, се поврзува со таткото на Тефиков. Таткото и синот Тефикови против македонскиот и бугарскиот идол. Така историјата не простува никому и никогаш. Српскиот конзул во Скопје Милослав Куртовиќ сооштува во Белград. ,,Убиен е еден од најнекористољубивите комитски првенци, поради што беше многу популарен,,.

Можеше ли таа смрт да биде избегната? Да, ако не беше таа до бол позната грижа на Гоце за луѓето. Ако не надвладеела желбата на Гоце четата да излезе надвор од селото за да биде тоа запазено од опожарување. Би можело таа смрт да ја нема, ако Гоце, како за сé друго, се грижел барем малку за себе. Ако во гоцевиот карактер имало нешто негативно,  негова негрижа за неговиот живот. Каква трогателност во чистотата и големината на неговиот идеализам.

П.С. Историјата е непроменлива и Гоце зборува за македонските изроди.

Прим. Д-р. Б. Дамески

Loading