ЗА ЈАЗИКОТ НАШ, МАКЕДОНСКИ

pismo-2

По донесената декларација на бугарскиот парламент дека македонскиот јазик не постои, тоа го потврди и бугарската академија на науките. Сакаат крајно да го разурнат нашиот идентитет и јазик и на негово место да го вградат нивниот. Сакаат да не идентификуваат со нивната окупаторска историја. Одбивам да дебатирам дали постои македонски јазик и остро ја осудувам македонската политика која прифаќа да расправа за тоа.

Постојано се прашувам каде се движиме и што правиме? Посебно ме боли тоа што еден дел од мојот народ се откажа од самиот себе си. Се инфицира со ,,филозофијата,, на покорност и зависност како единствен пат кон иднината. И дека компромисот е сé. Им дозволија да ја спушта гилотината и да го озаконат злосторот над Македонија. Како да сме станале десна рака на оние кои ни ја одрекуваат нацијата и јазикот. Јас тоа никогаш нема да го преболам.

Блажени се оние кои не ја познаваат македонската историја. Полесно можат да ја преболат. Полека, како нација, го губиме идентитетот и со бавна смрт одумира државата, онаа нашата. А за онаа, северната, не знам. Гоце Делчев одамна рече: ,,Ние не мислиме на Бугарија, ќе си ја чуваме Македонија. Не мислете вие на Македонија и чувајте си ја Бугарија,,. Грчкиот писател Антеј во своите записи вели дека античките Елини презеле голем број на зборови од јазикот на Македонците. Античкиот историчар Плутарх вели дека кога Александар Македонски почувствувал дека се наоѓа во смртна опасност ги повикал на помош своите телохранители на својот мајчин, македонски јазик. Во биографијата за Александар Македонски, латинскиот историчар Квинтиј Руф јасно сведочи дека Македонците и Грците комуницирале преку преведувачи. Во филиповата војска, генералите исклучиво биле Македонци, затоа што Грците не го знаеле македонскиот јазик.

 Најдревното македонско писмо е најдено во Јуна во Франција, со имињата Михо, Гоце, Кадмо, Тоте и со зборовите буф, саат, луѓе, убива, умира, останува, каснува. Во темелите на манастирот Трескавец најден е кипот на Аполон и Дарон (дарува дава). Каменот Розета го потврди македонското писмо. Во средината на каменот – тврд запис. Последниве 20 години  бугарските новинари присвоија многу македонски зборови да го докажат она што сега го кажуваат.

Грција живее од присвојување, а светот им аплаудира кога македонското го прави свое. Се шлепаат зад сé што е македонско. Сакаат да го избришат и она што не се брише. Некому одамна, името и јазикот им се јавил како ,,плашило,,.

Јазикот на античките и предантичките Македонци е јазикот на современите Македонци. Старословенскиот јазик е заснован на јужномакедонскиот говор. Старите Македонци верувале дека Богот Велес, Хермес, им го дава писмото. Ќе наведам некои античко – македонски зборови од пред неколку милениуми: сајкали, аирлија, сполај, далга, дар, бригда, грижа, рај, огон, зал, тато, мал, ден уш, чукш, чун, сторија, нешто што се сторило, потрефи, гувеј, струје, течение, ема, (да се добие хематологија), бело, (со значење запад), Билјана, (вистина), астибо, (јас ти и Бог), ости ареј, (остани арен), кадела, шупелка… И уште 150 други зборови. Како да се растера идеолошката магла, кога Пирин планина е толку висока.

Никој насилник, поробител, не ја обезмакедончил Македонија како нејзините сопствени државници. Политичарите мора да дадат пример со своето поведение и да стават граница на својата моќ, под услов навистина тоа да го сакаат. Вапцаров би ни рекол: ,,И во бурата, пак ќе бидам со тебе, народе мој, затоа што те сакам,,.

Loading