ПАРИСКИОТ ШАРМ НА ЕВРОПА

Не е осамено никогаш железното здание – Ајфеловата Кула

Najpoznatiot panoramnik na svetot - Ajfelovata Kula vo Pariz

Версај сведоштво за разврат

Телото ми поттреперува, нозете ми лебдат по асфалтот, ме обзема некое чудно чувство – радост. Се реагира чудно, на непознат начин. Такво чувство придизвикува Париз, градот на светлината, романтиката, модата, уметноста, градот кој диктира стил на остатокот од Европа како се станува метропола. Обзема париската авантура, градот заробува со љубов.

Длабок џеб за Мулен руж

“Товарен за скитање” тргнав низ Париз од најголемата главна, подземна станица Хаусман Сен Лазар. Се простира на два километри под земја. Метрото излегува во центарот. Прва туристичка цел, секако е Ајфеловата Кула. Не е далеку ниту Мон Мартр. Полесно се доаѓа низ тесните улички до базиликата Светото Срце на ритчето од кое се гледа од сите страни. Распослани уметници низ уметничкиот кварт. Продажна галерија на отворено, како Пазар. Уметниците ги чекаат своите пет минути слава. Се чувствува здивот на посебна нота, не толку гламурозна, туку блиска со луѓето. Симпатични кафетерии, мали галерии, книжарници. Пријатно да се заскита, човек да се загуби, но со картата в џеб, оти може да се врти во круг.  Од Монмартр се спушта на Булеварот Кличи. Таму е познатиот симбол на ноќниот живот на Париз, кабарето Мулен Руж. За претставите, потребна е резервација и дебело ќесе. Понатаму се интересните секси шопови и стриптиз барови.

Во срцето на Париз е паркот Жарден де Тулерис. На едниот крај е музејот Лувр, а на другиот Конкорд, на кој е поставена панорама од која се гледа цел Париз. Редиците се нужни. Недалеку се Големата и Малата палата, една спроти друга. Гранде Палас е јавен изложбен простор со веќе одамна починати светски познати сликари, вајари, најпознати дизајнери, фотографи од денешницата. Изложбите се атрактивни. Епилогот на обиколката е улицата каде се наоѓаат најпознати трговски марки, како Луј Витон, Картие, сé до салоните на Пежо и Дизни продавницата.

Триумфалната арка со 284 скали

Авенијата на Елисејските полиња е раскошна, жива и голема улица на велеград. “Врв” е споменикот на непознатиот јунак на Арк д Триумф, на плоштадот Шарл де Гол. Преку подземен премин се излегува точно на капијата на која се качува и се ужива во погледот на градот, како и на 12 – те булевари кои овде “се судираа”. Планинарење, оти се качуваат 284 скали. Има и лифт. Под капијата има метроза деловните квартови со солитери и современа архитектура.

За најпознатиот музеј Лувр треба да се одделат 3-5 дена.  “Средба,, со импресионистите и неизбежната Мона Лиза е можна и за еден ден. Задолжително да се видат Наполеоновите апартмани. Тука се разбира зошто Франција била најголема светска сила. Доколку сте

Челичното здание – Ајфеловата Кула

Најпрепознатливата градба на светот, Ајфеловата Кула, е е покрај реката Сена. Не е осамено никогаш железното здание. Мноштво луѓе не í даваат мир на металната принцеза, на најмногу фотографираниот модел. Платото под неа е окупирано со луѓе. Чекаат да се качат по скалите или лифтот. Грандиозноста предизвикува стравопочитување. “Убива” височината од 324 метри. Не се опишува погледот од “небото”. Наспроти, преку Сена, е Трокадеро, ридче на кое е сместена Палатата Челот, украсена со фонтани на платото меѓу двете згради. Оттаму Ајфеловата Кула може цела да ја собере во кадарот. Палата Д Токио е неизбежна станица во обиколката. Тоа е музеј на современата уметност. Зградата “турка од нозе”. Демонстрира дека неспоивото не е грдо. Со зелениот вагон на покривот, се дознава дека сте на вистинското место. Работата на младите од Академијата за уметност, сликарство, фотографија, дизајн, разноразни инсталации, вајарство í дава нова форма на досегашната уметност. Околу може да се пие кафе, да се јаде, или да се купува. ВИ-ФИ е составен дел од галериите, музеите, изложбените простори.

Се импресионираат очите од стаклено – железната конструкција на центарот Жорж Помпиду или центарот на модерната уметност Бобур. Во комплексот се библиотеката, националниот музеј на модерната уметност и центарот за музички истражувања. Да се “лапне трошка” и да се ужива во творештвото на современите уметници, дозволено е фотоаграфирање. Се чкрапаат моменти и во Лувр, но без блиц.

Шлаг е дворецот Версај, 18 км од Париз. Редици за влез. Од средбата со замокот и неговите одаи, станува јасно зошто моќниците на тоа време завршиле на гилотиња. Аристократијата, раскошот, хедонизмот, и ден денес се ненадминати и неприкосновени. Зад дворецот се простира градина со фонтани, лавиринти и вештачко езеро во форма на крст.

Нозете се уморни од пешачење. Папсува телото. И свеста е преплавена со слики од крвави династиски војни, револуции… Време е за одмор и средување на импресиите за да се “врати филмот”.

Loading