СЕКОЈ ГРАЃАНИН ВО ПРОСЕК ИМА ПО МИЛИОН ЕВРА

Осло – Норвешка

DSCF9498

Ако сакате да видите нешто ново и необично, тргнете со евтини авио билети за Осло, главниот град на Норвешка,. На првата средба се наидува на љубезни домаќини на секој чекор во земјата на викизите. На секоја педа од градот воодушевува амбиентот во земјата на фјордовите, необичната арихитектура, богатата историја, храна…

Сончева пролет е убаво време за шпартање низ сјајното Осло. Млади во модерна гардероба се шетаат. Некои со колички со бебиња, други се смеат до уши од среќа, а трети водат сметка за своите деца. Улиците се широки. На петнаесетминутна прошетка се наидува на мал плоштад, парк или фонтана. Совршено, и фазла. Нереално за нас, оти како да сме во некој филм во земјата на соништата. Познатата зграда на операта, архитектот ја дизајнирал, а градежнците ја извеле да биде како брод кој лебди на вода. Во близинаа е зградата на општината и славниот Нобелов центар.

DSCF9454

На главната улици Карл Јоханс се националниот театар, веднаш до него  галеријата, па парламентот и кралската палата.

Во Осло живеат околу 600.000 жители, со околината не е поголем од 1,2 милиони или петтина од цела Норвешка. Градот е економски, спортски и културен центар. Го носи името од 1925 године. Дотогаш се викал Кристијанија, по данскиот крал Кристијан Четврти. Престолнината на земјата е мошне богата и развиена. И чиста како никој да не минал на плочките на пешачките зони, ниту пак на сообраќајниците за автомобилите. Земјаа е во суфицит, што секој жител има преку еден милион евра. Платите се двојно поголеми од просекот во ЕУ. Затоа многу луѓе го бараат својот животен пат токму во Норвешка. Мароканци, Турци, Пакистанци, Полјаци, Румунци и Балканци, се само дел од оние кои кинисале јабана по подобар живот.

DSCF9514

Посетата на мал маркет вџашува. Осло е најскапиот град. Сé е изгор. Цените се астрономски, брутални. Обичен сендвич чини 20 евра. Од друга страна, цените се сосема реални со платата од 5000 евра. За Балканците тоа е атак на џебот и итро бегство низ вратата. Само конзервите со риби не се луксуз. Цените им се приближни до нашите.

На патот за паркот Вигеланд воодушевува симпатична населба. Хигиената е бетер од јапонска. Дури изгледа свежо. Објектите се во стара архитектура, а зградите, иако стари, изгледаат како да се градени вчера. Во паркот има галерија под ведро небо со 212 статуи на познатиот норвешки вајар Густав Вигеланд. Тој имал необичен договор со градот. На користење добил ателје и симболична плата до крајот на животот, ако Осло стани сопственик на сите негови дела по неговата смртт. Договорот траел 40 години. Сите скулптури се импозантни, работени со месеци со внимание до секој детал. Понатаму е тврдината и дворецот Акерсхус. Еден е од најбитните историски споменици во Норвешка. Акерсхус восхитува од влезот до секој негов дел. Се добива чувство како да сте во море од мали лавиринти со изненаувачки излези до една чистина, од која се доловува најдобрата панорама на Осло. Човек посакува да биде подолго време за да ја впие сета убавина.

DSCF9523

Блиску е Акер Бриг – м мала монденска населба со многу продавници, ресторани и шопинг центри. Сé е ултра, мега, гига луксузно. Во ценовникот на ресторанот пишува дека пиво од 0,5 литри чини 20 евра. Бунило.

Норвешка остава без зборови по добро, се разбира.

DSCF9573

Nobelov-centar-u-Oslu

Zgrada-opere-u-Norveškoj

Vigeland-park-u-Oslu

Loading