ОПОМЕНА НА ЦРНИТЕ ПАНДЕЛКИ

spomenica

Преспа. Најтрагичниот дел од македонското постоење. Српскиот претседател Вучиќ ни рече: – ,,Ќе славите неколку дена, како нас, и што потоа,,?!

Загубените млади животи, траорните мајки, огромниот број на сираци, црните панделки на косичките на моите сестри ја чинат македонската историја и судбина. Проклета судбина која исплела толку несреќи. Ништо не е посвето од животот на луѓето. Поменот на нив обврзува на совесност и одговорност. Никој нема право тоа да го поништи и изгази. 

Постојат и друг вид на сираци, политички, бездомници, кои заради себе се одрекуваат од својот народ и татковина. Секогаш ќе бидете потсетувани –  ,,Сетете се на Преспа,,.

Како и колку на некого му претставува уживање кога ќе рече: Северна Македонија. Добро е што не заживеа и не ќе заживее овој акроним. Слушам изјави: – ,,Мојата мултиетничка држава,,?? А која држава во светот не е мултиетничка. Ниту политичките партии, ниту парламентот, поготово ниту поединици го немаат тоа право да одлучуваат за најзначајното нешто од животот на луѓето – нивниот идентитет. Очигледно дека некои поединци имаат проблем со идентитетот. Сите овие триесетина изминати години секој можеше да го направи она што се случи во Преспа. Се бараше строга формула со цел да останеме недопрени во Уставот.

Со што ја импресиониравме лулката на бонтонот, земјата на културата – Франција. Со гестовите во прилепскиот дом на културата? Или уште повеќе со последователниот аплауз, наместо достоинствено заминување од културниот дом? Народот ја чувствува неправдата. VIA DOLOROSA. Патот на Исус кон страдањето. Погребот продолжува. Ќе го слушнеме ли некогаш патот на разумот. А нашата должност? Што да правиме со неа? Која Македонија ќе влезе во НАТО и ЕУ, кога веќе ја нема. Критиките кон Макрон од другите земји беа со намигнување.

Оставете го македонскиот народ да си ја пее својата песна, својот фолклор, својата историја, да ио усовршува својот македонски јазик, обичаи, култура…

slikaКога Велика Британија беше нападната од Хитлер, на предлогот средствата наменети за култура, да се пренаменат за воениот буџет, премиерот Винстон Черчил зачудено праша; ,,А што ќе браниме потоа,,?!

П.С. ,,Ништожник е оној кој има подбар пријател од својата татковина,, – Софокле

Прим.др. Б. Дамески

Loading