ДО РЕДАКЦИЈАТА НА НЕДЕЛНИОТ ВЕСНИК ЗЕНИТ ПРИЛЕП

Promoviranata i rabotnata verzija

Јас, Драгољуб Драги Башески, ваш долгогодишен соработник имам потреба да Ви се обратам и да побарам да објавите мој демант во врска со објавениот текст со наслов ,,Јаве за книгата – Решив да ја кажам вистината,, од Харалампија Цветаноски-Рампе. Текстот во весникот ЗЕНИТ е објавен на 20 септември 2019 година, на страницата 10 во рубриката Култура.

Во споменатиот текст е објавено дека автор на промовираната книга е Харалампија Цветаноски-Рампе што не е целосна вистина. Тој само го сменил името на книгата во работна верзија со наслов ,,РАМПЕ ИМА ШТО ДА КАЖЕ,, што јас ја работев од октомври  2011 до 13 август 2012 година.

Dogovor

Тој без да ме консултира презел дејствија само со дополнување на нови материјали – за да го смени старото име на книгата ,,Рампе има што да каже,, во новото име ,,Решив да ја кажам вистината,,. Треба да се знае, дека притоа од работната верзија што јас ја сработив, презел материјали (текстови, фотографии…) од вкупно 233 страници. 

Izjava

Побарав од него објаснување за направената неправда кон мене. Но, тој само ми се извини и ништо повеќе. Харалампија Цветаноски – Рампе заборавил дека има своерачно потпишано изјава на 10 јули 2012 година, во која покрај другото стои:- Книгата ја пишуваше и подготви Драгољуб Башески од Прилеп и во исто време му благодарам за неговиот вложен труд.

Potpisi

Харалампија Цветаноски-Рампе има потпишано своерачно и Договор со мене, авторот на книгата, на 20 јули 2012 година, со кој се обврзува целокупните трошоци за подготвувањето, печатењето и објавувањето на книгата да ги сноси целосно тој.

Ги приложувам доказите да се знае вистината кој ја подготви и напиша книгата ,,Рампе има што да каже,,, А, зошто Рампе се прогласил за автор  на книгата:- ,,Решив да ја кажам вистината,,  без да наведе во неа дека презел материјали од 233 страници од работната верзија ,,Рампе има што да каже,,?  Дали само затоа што и го сменил името и што внесол дополнителни материјали? Но, при нашата средба, Рампе беше искрен и ми потврди дека тој има потпишано Договор со мене  и има дадено Изјава со целосен потпис на неговото име и презиме дека јас, Драгољуб Башески сум ја напишал необјавената книга во работна верзија ,,Рампе има што да каже,, и сум нејзин автор.

Демантот е со цел само да се знае вистината за оваа направена неправда кон мене и сакам да го заштитам мојот углед и авторско право и ништо повеќе.           

Драгољуб Драги Башески

Loading