ВО НИВИЦЕ СЕ СЛУЧИ ТРОЈА

pismo-2

Чудно е ова брзо темпо на живот кај нас. Човек асално не може да напише ни колумна, а нејзината содржина да не изгуби актуелност за 2-3 дена. Штотуку напишав колумна за малиот Шенген и норвешкиот модел на привилегирано партнертсво, еве ти го меѓународниот сојуз на амбасадори (не мешајте го со другиот сојуз). Тоа ти бил сојуз на бивши дипломати, амбасадори и бивши министри. И директно, нивниот предлог е одложување на изборите. Не знам од која планета така брзо атерираа на планетава Земја. Затоа и ги пропуштиле случувањата кои доведоа до предвремени парламентарни избори. Синџирестиот систем ќе продолжи со појава на други здруженија како нивна поддршка. И какви не уште предлози ќе слушнеме од овие мудреци.

Пред мене е книгата на Зигмунд фројд – ,,Психоанализа на срамот,,. Многумина ќе се позамислат ако откријам што пишува во неа. Фројд не се занимава со најголемиот наш срам – промена на името. Новоназначениот градоначалник на Солун Коцијас Зервас рече дека сé што се појавува во светот како македонско да се однесува на Грција. Тоа го реализира Мицотакис со неговото MACEDONIA THE GREAT. Не е ли ова класичен иредентизам. Што има разлика меѓу ова – Голема Албанија или Голема Србија. Многу блиску до трагичниот Букурештки договор, Преспанскиот Чернобил.

Најспоменувана метафора на воено политичка измама е Тројанскиот коњ. Мудриот Одисеј ако не успеа со сила, успеа со глава. Во Нивице ни се случи Троја.

Името Македонија во Библијата не е човечка волја, туку е божја волја: Македонец, македонски народ, Македонија. Тоа се вистински библиски сведоштва, докази, аргументи и факти.

Јас имам право на самоидентификација. Тоа право никој не може да ми го забрани. Оваа грчка провокација не била против Преспанскиот договор. Да, таа провокација е против Македонија. Дали сé уште ќе играме на картата на жртва на странскиот фактор? Која сака робовски менталитет? Потребна е промена на менталитетот на граѓаните. Умствените трансформации бараат време и не се така лесни. Младите веќе ја изгубија довербата кон нас и масовно, игнорирајќи нé, нé напуштаат.

Да го послушаме Винстон Черчил. ,,Штета е напразно да се пропушти добра криза,,. Да се потрудиме да го добиеме она што го сакаме, бидејќи ќе бидеме присилени да го сакаме она што ќе го добиеме. Никој не е бескорисен. Секој може да послужи како лош пример.

Актуелно П.С.  Кој што не гласаше за мене, да ми го врати маслото и шеќерот.

Прим.др. Б. Дамески

Loading