МЕГАЛОПОЛИС МЕЃУ ОРИЕНТОТ И ЕВРОПА

Истанбул

Adalar-1024x678

Што да се види во сјаниот град Истанбул на Босфорот, меѓу Црното и Мраморното Море, меѓу Европа и Азија. Огромниот град со над 20 милиони жители не може да се види ниту за два животи. Во Истанбул единствено може да се најде дури и млеко од птица, само ако се знае каде.           

Престојот тргнува со посета на Аја Софија. Византискиот цар Јустинијан, кога во 532 година првпат влегол во завршената Аја Софија, рекол – ,,Соломоне, те надминав,,!, алудирајќи на фактот дека еврејскиот владетел, според легендите, го изградил најбогатиот и најпрочуен храм во Ерусалим. Величенствениот споменик е изграден за помалку од шест години. Дури 1000 година од постоењето, бил најголема катедрала на светот. Во 1520 година ја поминала катедралата во Севилја. Скоро 10 века Аја Софија била православна црква, сé додека Мехмед Освојувачот не ја претворил во џамија во 1453 године. Ги трнал камбаните, олтарот, 15 метри големиот иконостас и сите фрески ги покрил со малтер на кој исцртал симболи на Исламот. Додадени се четири минариња. До 1935 била една од најголемите џамии на светот. Мустафа Кемала Ататурк ја прогласил за музеј, кој статус го ужива до ден-денес.

Еден од наголемите подароци на Султанот Ахмет на Истанбул била познатата Сина џамија, градена меѓу 1609 и 1616 година. Предизвикувала бес меѓу муслиманите, оти имала шест минариња, колку Големата џамија во Мека. Седмото минаре е подарено на Мека за да се запрат несогласувањата. Името го добила по внатрешноста, направена од илјадници сини плочки, правејќи ја една од најубавите достигнувања на османлиската архитектура. Зад неа е Араст базарот за купување на квалитетни сувенири со мноштво традиционални и автентични предмета.

aja-1024x700

unutrašnjos-aje-sofije

Најатрактивно е во Миниатурк или Турција во мало. Прв е паркот на минијатурните градби од сите периоди на турската историја и анадолската цивилизација. Меѓу моделите е и Аја Софија, џамијата на Селим, тврдината Румели, кулата Галата, куќа од населбата Сафранбол, манастирот Сумела, дури и стариот мост во Мостар. Има 122 објекти во размер 1:25. Секој е среден со посебна прецизност. Совршено го отсликува секој детал на  градбите. Паркот е распространет на 15000 м2 во мир и тишина.

Мехмет Освојувачот наредил изградба на палатата Топкапи, топовска палата. Оттаму, турските султани управувале со царството скоро четири века. Огромниот комплекс е приказ на исламската уметност, со богати дворови, обложени со замрсени рачно отсликани плочки и украсени огромни одаи. Палатата била како мал град со преку 4000 луѓе. Комплексот се ширел, но постепено ја губел моќта и значењето. Во 19 век турски двор се префрлил во нова палата на Босфорот, Долмабахче. Интересно е што палатата имала четири врати. Внатре првин се доаѓа на царската врата. Потоа е втората,  која води до царската ризница. Таму биле многу вредности кои Турците со векови ги собирале низ светот, меѓу кои е дијамантот Касицки, еден од најголемите на светот. Третата врата е влезот во рајот. Таму е харемот. На турски харем значи приватно. Со него управувала мајката на султанот. Жените биле поделени на група со низок ранг, слугинки, а другата група биле привелигирани, меѓу кои биле жените на султанот, избрани според неговиот вкус и убавината. Харемот во Топкапи палатата се викал куќа на веселбата. Постоела и куќа на солзите, каде биле сместени жените и децата на бившите султани, кои успеале да ја избегнат смртта, која  била казна по стапувањето на тронот на новиот султан. Таму престојувале и припаднички на харемот кои ја загубиле султановата близина. Жените морало да бидат странци. Исламот забранувал робовите да бидат од иста вера. Девојките се купувани низ светот. Родителите често ги продавале за многу пари или биле подарок од дворјаните за султанот. Во харемот се минувало низ училишта за турски јазик, танцови, песни… После тоа можеле да минат ноќ со султанот. Ако го задоволеле, можеле и да му подарат дете. Во спротивно паѓале во немилост. Четвртата врата претставувала врата за одмор, каде султанот можел да се повлечи и да се одмори. Палатата Топкапи е една од најсовршените примери на исламската архитектура во светот. Таа е и место на згаснати и унесреќени многу млади животи. На пример, Султанот Ибрахим наредил да се масакрира целиот харем со 280 девојки.

cisterna-Istanbul-1024x678

Принцезините девет острови се погодни за излет околу Истанбул. Тие се совршено место за релаксација, оти се главно без автомобили, метеж и ѓурултија. Се возат велосипеди, а цвеќе и дрвја бујат на сите страни. Најголем е Бујукад, Големиот остров. Се доаѓа со траект. Пловењето е интересно оти е следено од галеби и панорама на бескрајниот Истанбул. Се препорачува посета на палатата со манастир. Тоа било место за егзил за цариците Ирена, Еуфросинија, Теофанија, Зоја и Ана Даласен. Во1901 година таму е родена принцезата Фарелниса Зејид, позната како реномирана сликарка. И Леон Тротски живеел, откако побегнал од СССР. Црквата Св. Ѓорѓи и манастирот Св. Димитрија се од 6 век. Најголема атракција се улиците со раскошни куќи, вили, ресторани и хотели низ четинарската островска гора. Лесно се разгледува со велосипед под наем.

DSC 0252-Kopya-1024x678

Истанбул се чувствува преку Капели чаршија. Огромниот покриен простор е првиот светски трговски центар, граден во 15 век од Мехмета Втори кој собирал средства за градба на Аја Софија. Се протега на 54000 м2. Составена е од 56 ходници со преку 4000 дуќани во кои може да се најде сé и сешто. Во еден ходник има само накит, главно злато, во друг сувенири, во трет облека… Во недоглед. По земјотресот од 1894 година, чаршијата е реновирана. При купувањето, без срам, нужно е ценкање околу цената. Турците се врвни трговци. Цените се и по 7-8 пати повисоки од реалните. Грешка е само малку да се намали цената. Заработувачката најмалку е сто отсто.

На Египетскиот базар се најдува веројатно најголемиот избор на зачини. Од сушено овошје до милион видови чаеви, билки од егзотични места. Името го добил по изворот, односно од производите од Египет. Секогаш е турканица. Блиску е Капали чаршија.

Воодушевува џиновскиот подземен ходник, потпрен со 336 столбови во 12 реда. Служел како резервоар за вода на византиските цареви. Проектот бил идеја на Константин Велики, а го окончал царот Јустинијан во 6 век. Сочуван е автентично до денес. Најпознатите столбови се Медузините. Сето место возбудува.

kapali-čarsi-1024x683

Турската храна главно содржи месо и зеленчук со зачини. Кебаби во милион варијанти, месо на жар, фантастични вкусови и ароми на салати. На крај се полива со ајрон, слаб солен јогурт. Баклавите на милион начини, со лешници, бадеми, фстац, ореви, мед се омилените десерти на Турците.

Истанбул е чудо од град. Се доживува не само еднаш, туку со секое ново доаѓање. Бескрај.

Miniaturk-1024x678

Loading