ВОДОСКОК ОД 140 МЕТРИ ВО ЖЕНЕВСКОТО ЕЗЕРО

20151008 151107-1-1024x669

Женева спаѓа во групата на скапи градови, чија туристичка промоција е обележна со високи цени и скапи атракции. Тоа е поради стандардот на кој живеат нешто помалку од 200 000 жители. Навистина е многу висок. Населението е навикнато на таквиот стил на живот, особено поради работните места. Ретки се дуќаните со ниски цени.

Со трошка желба за патување, не се прескокнува овој град, богат со музеи, покрај природните атракции и плодовите човечкиот труд.

Женевското езеро е второ најголемо во средна Европа. Со мал дел, Швајцарија го дели со Франција. Долго е 73 км, а широко 14 км. Од Женева преку реката Рона се влива во Средоземното Море. Населението и туристите ги користат водите за освежување и капење во врелите летни денови, како и за пловење со педалинка, бродови и други пловни средства. Езерото е дом на бројни питоми лебеди кои посакуваат да бидат нахранети.

Botanički-vrtovi-1024x681

Фонтаната во езерото е симбол на Женева. Некои ја викаат џиновски водоскок. Се смета за највисока фонтана во Европа. Млазеви вода се фрлаат до 140 метри височина. Фонтаната функционира под ,,полно работно време,, во зависност од тоа дали е лето или зима. Нејзината првобитна намена била како вентил за испуштање на притисок и на вишок на вода од мини централа која требало да се гради.

Англиската градина е една од најпознатите паркови со зелени површини. Се наоѓа во центарот. Препознатлива е по огромниот цветен саат. Не велат без причина – ,,точен како швајцарски саат,,. Поставен е поради тоа што Швајцарија е симбол на најдобрите работилници за часовници во светот. Стотина работилница има само во Женева, а за продавници и да не се зборува.  На секој чекор. И тоа од најскапите, како Ролекс, до обичните и евтини. Зад препознатливиот саат е бронзената фонтана и споменик на обединувањето на Швајцарија. Овој дел е воодушевувачки, можеби и поубав во зима кога по должината на шеталиштето се поставуваат дрвени куќарки со божикни мотиви и сувенири.

Katedrala-Saint-Piere

Катедралата Св. Петар е протестантско светилиште, од чии кули се нуди поглед на цела Женева. Изградена е на ридче во центарот. Се стигнува преку една од најпознатата улица низ која минуваат трамваи и каде се најпознатите светски трговски синџири. Се плаќа за незаборавниот поглед од кулите. Во катедралата се големите оргуљи, високите тавани, мозаиците, гробот и споменикот на војводатае Роксан Чапел и врата од 15-то столетие.

Швајцарија како економски силна и моќна земја е седиште на бројни светски и европски организации. Палатата на обединетите народи е во Женева. Тука е и седиштето на меѓународниот црвен крст. Пред зградата се поставени сите знамиња на државите, членки на ОН. Отспротива е високата дрвена столица од 12 метри со една откината ногарка. Таа е симбол на спротивставувањето на корисењето на противпешадиски мини.

muzeji

Иако има многу зелени површини, Женева е позната и по многуте ботанички градини. Секоја има своја приказна. Распространети се по целиот град, освен во строгиот центар. Една од најголемите е на 16 000 хектари.

Параглајдинг над Женева е вонредно доживување. Авантуристичкиот дух може да доживее кулминација со лет над градот и да се крени адреналинот во ,,височините,,. За оние кои немаат волја да се тргнат од тлото, можат да го пробаат популарното едрење на Женевското езеро. Одморот без авантуризам крај езерото е можноста за капење и во бројните базени, прилагодени за сите генерации. Потоа тениските и фудбалските терени. Особено тениски, бидејќи тенискиот ас Федерер е Швајцарец и е спортска икона на оваа земја.

Ženeava-UN

Женева е раскошна и со музеи. Таа е богата историска и секава ризница.. Во десетината музеи стојат експонати поврзани со уметноста, историјата, етнографијата…

Ženevsko-jezero

Loading