ВМРО – СТРАЖАР НА НАЦИОНАЛНОТО ДЕЛО

23 отктомври 1893 г.

pismo-2

Во бурите на крајот од тој жесток 19 век израснува ВМРО, како најмоќен протест против тиранијата и злото, против егоизмот и насилството, ореол на борец за слобода и човекови права. Организирана како револуционерно движење со демократска идеологија со скромни претензии за автономна Македонија. Тоа зборува за здрав политички смисол на раководителите. Вистински стражар на националното дело на македонскиот народ. Што е поблагородно, од тоа да се служи на татковината? Долг и тежок пат на победи и порази, пат тесно сврзан со народните идеали. Нејзината решителност и готовност за саможртва служат како пример на идните генерации. Според зборовите на еден англиски кореспондент, ВМРО станува една од најпопуларнитенелегални организации во Европа, предизвикува восхит на стариот континент, далеку од границите на османлиската империја. ВМРО трајно навлегува во дипломатскиот живот и европското општествено мнение. Организацијата подоцна се претвори како држава во држава. Пред општествената свест и пред дипломатскиот аеропаг, таа ја изнесе македонската ослободителна кауза, ја создаде историјата и традицијата на македонскиот народ.

Влијанието и силата на ВМРО не остана незабележана од светската општественост. Редица западноевропски и американски писатели, општественици и новинари, како Алберт Сониксен, Артур Смит, Хенри Брајлефорд, Џејмс Баучер, Елена Стоун и други се силно восхитени од национално ослободителната борба на македонскиот народ. Некои од нив доброволно се приклучуваат во редовите на ВМРО. Во австрискиот весник Тагеспост од 1928 г. ВМРО го нарекуваат Дамокловиот меч на Балканот, кое што е насекаде И никаде. А Џорџ Суир, од Институтот за меѓународни односи, за весникот Буенос аирес хералд од 15.5.1934 г. вели: – ,,ВМРО остана најмоќната револуционерна организација во светот. Неговата сила е во тоа да избира меѓу мир и војна на Балканот,,.

ВМРО не само што војува за автономна Македонија, но и создаде нешто уникатно во светската историја. Успеа да ја запази својата националност на територијата која уште не беше слободна.

По младотурската револуција од 1908 г. ВМРО ја намали својата револуционерна активност и се вклучи во политичкиот живот. ВМРО не ги впери погледите ниту на Запад, ниту на Исток, ниту на друго место. Таа се крепеше на своите сили, не стана орудие на некому и не дозволи никој да се служи со нејзиното име и престиж за лични и други цели. Основата која ја крепеше ВМРО е народот. Во таа смисла организацијата е неуништлива. Кулминациска точка е Илинденското востание во 1903 г. кога народот масовно застана под крвавото знаме на организацијата со дамегруевската логика: – ,,Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај,,. Иако Илинденското востание доживеа пораз, победија идејата, волјата, спремноста за борба, за саможртва за слобода.

Треба да се излезе од сопствениот тесен круг и достојно да се заштити делото за кое дадоа сé, и животот, толку знајни и незнајни борци.

Прим. Спец. Д-р Б. Дамески

Loading