ПОБЕДА НА НАДЕЖТА

Сирија

damask 1

Мустаќест граничен службеник во кожна винтјакна полека пие утринско кафе под огромната слика на Бахар Ал Асад на либанско-сиријската граница. Малку сомничаво се предава пасошот и истуткано парче хартија кое претставува сириска виза. После се плаќа влезна такса на другиот шалтер. И толку. Сирија.

Дамаск. Во хотелот нé дочекува Савсан, водичот низ Сирија следните неколку дена. Страниците престојуваат само со придружба. Нема слободно движење. Но, водичот беше флексибилен. Можно е повеќе време слободно да се мине со локалното население. За неколку минути воените улици се менуваат со мирисот на наргилето, на јасмин и различни зачини, со ненаметливи трговци. На крајот од сокакот е импозантната џамија Јумасд. Пред неа горделиво стојат остатоци од храмот на Јупитер, изградена од Римјаните пред два милениума. На сред џамијата е базиликата на Јован Крстител, пред која се клањаат муслиманите, славејќи го како свој пророк.

Доволна е прошетка на Дамаск од неколку часа да се почуствува космополитската мега цивилизација што се чува и ден-денешен. Дамаск и Библос се најстарите континуирано населени градови на светот. Повеќе од 3000 година пред Христа биле темел на првите цивилизации, чии остатоци се отворени во Националниот историски музеј. Од Месопотамија и Асирија, преку големиот Вавилон, до грчко-римскиот период, се препознаени стратешкото и плодно подрачје на југозападна Сирија. Исламскиот и османлискиот период оставиле траги. Мнозинството од населението се муслимани или 3 милиони жители на поширокото подрачје на Дамаск. Недалеку е џамијата Касидах Зајнаб. Нестварно убава персиска архитектура. Отскокнува од околните градби, иако неколкупати била нападната со бомби.

damask 2

Со 20 километри дневно низ Дамаск, може да се допри градскиот пулс. Трпеливост ги краси Сиријците. Таксисите со часови чекаат гориво во километарски колони. А земјата лежи на нафта. На источниот дел Американците ги држат стратегиските извори и пуштаат колку што сметаат дека е доволно.

Сиријците не го сакаат зборот војна. Состојбата последните години ја викаат криза, немири или буна. Не признаваат воена состојба. Сигурниот дел е под власт на војската на Бахар Ал Асад, кој е под заштита на Русија, Хезболах и шиитите од Ирак, Иран и Либан. Комплицирана е воено-политичката ситуација. Сепак сите сметаат дека ИСИЛ е зло.

Западниот дел од градот Алепо уште е под опсада бунтовниците на слободната сирииска армија и Ахрар Ал Шама, од една стрна, и Курдите од друга. До градот се стигнува низ 20 воени контроли на пасошите. Врнежливото време не спречува посета на цитаделата во Алепо. Тоа е импозантен дворец, палата, една од најстарите на светот. Градена е од посебен камен пред Христа, а им служела како тврдина на Римјаните, Византиците и Крсташите. На крајот станала светско наследство под заштита на УНЕСКО.

Бројните локалци се гостопримливи, покажувајќи на разни начини. Од интересни прашања до песни и танц, па и покана за ручек.

damask 3

Кај Маронитската католичка црква Мухамед го реконструира урнатиот покрив и свод. Тој истовремено репарира 4 цркви и 2 џамии, со помошници, млади апсолвенти по градежништво. Неверојатно, ама во Алепо се реконструираат повеќе христијански градби, отколку џамии. Двете верски страни жестоко настрадале. Нема верски делби, но подарежливи се донаторите за христијанските објекти. Алепо бил космополитски град. Сведок е хотелот Барон, каде во собата 203 Агата Кристи го напишала делото ,,Убиство во Ориент Експрес,,. Сопственичката го презела управувањето со хотелот по смртта на сопругот, иако нема гости. Но, луѓето доаѓаат за разгледување на култниот хотел. Тами престојувале и Лоренс од Арабија, Шарл Де Гол, Јуриј Гагарин, Кемал Ататурк и многу други. Во клубот Креизи Хорс е празно, покрај сопственикот и неколку локалци. Објектот бил на жива улица, жени се движеле во мини здолништа, накитени со злато околу вратот, ушите и рацете. Никој не смеел да ги допре. Алепо бил безбеден град. Денес се туркаат кепенците со првиот мрак. Оние кои не избегале, не се баш за прошетки, иако градот никогаш не паднал под ИСИЛ. Оваа организација е мртва, со неколку мали фрагменти во близина на турската граница.

Пред градот Хомс се слушаат детонации. Но нема паника. Црвените полиња од мак го најавуваат градот. Во право бил Данте кога рекол дека ,,најубавите цветови се оние кои никнуваат на корени од болка,,. За населението, како да се посилни страдањата и како наново да им се разгоруваат свежите рани од деструкциите. Тоа се извори на маки, но и на надеж и насмевки на децата кои играат мижитатара кај утврдувањето или грижливо возат велосипед на урнатините од поранешното училиште. Децата се забавуваат со ништо. Импровизирани маси за фудбал и игри на скокалиња на улица. Секое второ дете е облчено во дрес на Роналдо или Меси. Нема човек што не ќе биде душевно разнишан во Хомс. Километри уништени и запалени објекти. Не се одржува рамнодушност.

syria-flag-girl

Населението е среќно кога ќе види странец. Со широки раце се нудат локални деликатеси, најмногу баклава и кадаиф. Од врвот на вртелешката во паркот се гледаат контрастите на деструкција и новиот живот. Додека децата играат, продаваат овошје и зеленчук. Или  како што населбите се повеќе оштетени, така расти љубезноста и великодушност. Сирија е убавица во која ржи ѕверот на судирите и уништувањата. За среќа ѕверот е на прагот на смртта додека победува нескршливиот дух на надежта.

Христијанското светилиште Малоула

Во планинскиот дел над Дамаск е најголемото христијанско светиште, Малоула. Дел од манастирот е изделкан во карпа на рид од 1.500 м. височина. Малоула е познато како едно од последните три села на светот, каде се говори арамејскиот јазик, јазикот на Исус Христос. Во градот постојат два древни манастири, католички и православен, грчки. На иконите се  видливи оштетувања на главите или на мозаиците со свети слики. Местото е со  изразита духовна енергија,  но и воена стратегиска позиција.

Loading