ХАЗАРДЕРСКА БАЈКА

Монако

2

 

Големото синило со азурна боја и град-држава е кнежевството Монако. Држава како богато џуџе е сместена меѓу францускиот и италијанскиот брег на Медитеранот кон кој гравитира светскиот џет-сет.

Во детството секој сака да чита и да слуша бајки со принцови и принцези. И кога ќе порасне, ќе разбере дека постојат принцови и принцези. Една од нив е принцезата од Монако, Грејс Кели која била една од најубавите актерки во Холивуд и добитник на Оскар. На филмскиот фестивал во Кан, се запознала со Реније 3, принцот од Монако. Тој бил во љубовна врска со една француска глумица. Таа не можела да му подари дете, а во случај да не се роди потомок од лозата, Монако би минал под власт на Франција. Тој барал принцеза и мајка која би му родила потомци. Се родила љубовта меѓу Грејс Кели и Реније 3 и се венчале во 1956 г. Тоа било венчавка на векот и од соништата, со гости од Холивуд и останатите кралства. Се родиле Каролина, Алберт и Стефани. И бајката нагло се прекинала. Возејќи се кон Монте Карло, принцезата од Монако слетала од патот и го загубила животот во 1982 г.

Во 2002 г. потврдена е уште еднаш одлуката кнежеството Монако да остане независна држава и монархија на Грималдиеви, без разлика на тоа што принцот Алберт 2 уште не нашол мајка за деца наследници.

До овој град држава се стигнува по копнен пат со слегување по остри серпентини, дури и до славната кривина каде брмчат болидите на трките на Формула за големата награда на Монако. Прв впечаток, после синилото од височината, е градината, паркот Саинт Мартин Јардинс. Врие од флора на  леандери, палми, азалеи, ози, агави, алоја…, потоа фонтани, бронзени статуи и споменик на Алберт Први. Најубава зграда е океанографскиот музеј со аквариум. Објектот е архитектонско ремек дело. Од страната на морето инаетливо се крева од морската карпа. Застанува здивот, оти е висока 85 метри. Градена е 11 години. Принцот Алберт Први бил заљубен во морето и објектот. Затоа музејот е негова фондација. Во аквариумот се населени многу видови морска флора и фауна. Го има и загубениот ,,Немо”, флуоресцентни шарени риби како од цртаните филмови. Тивкиот морски свет на убавината фасцинира со форми и колорити. Овде има и модели на разни бродови, дури и скелет од кит од 20 м. Малку се пет-шест саати за прошетка низ морското царство.

3

Стариот град е испреплетен со тесни средновековни улици со многу сувенирници. Таму е катедралата од мермер. Плени со елеганција. Таа е и семејна гробница на семејството Грималди. Најмногу цвеќе има на гробот на Грејс Кели, бидејќи била страстен љубител на растенија. Можеби затоа во Монако се наоѓаат и необични паркови. Има и егзотична градина со стотина кактуси и други растенија кои растат од карпите на палатата на принцот, од резиденцијата на Грималди. Фанфарите и барабаните го привлекуваат вниманието. Станува збор за свечена смена на стражата. Традиција подолга од еден век. Се одигрува мал перформанс на униформираната почесна стража.  Принцовата палата е  мало патување низ историјата на државата со воодоошевувачки галерии, соби со тронови, сала во комбинацији на сина и златна боја како азурниот колорит на морето. Скалите во дворот се сцена за концерти на класична музика. Тука е и музејот на Наполеон. Од платото се нуди восхитувачки поглед на Монте Карло, на плажата Ле Ларвото, на пристаништето, на ридот и на новиот дел од градот. Цела држава на дланка, додуша поголема од Ватикан.

Монако е држава со најголема густина на населеност. На 2 км2 живеат околу 30 000 странци, 30 000 привремени странски работници и 7600 души  домашно население. Причината е што државата не прибира данок. Монако е фискален рај. Многу светски фаце имаа станови иако се скапи. Сепак расти побарувачката. Затоа има многу градилишта со кранови. Зграда до зграда, хотел до хотел… Нема милиметар слободен простор. Страшно. Се дупчат карпите за да се кренат нови згради. Покривите често се со базени, детски игралишта и градини.

4

Населбата Фонтвиеил нуди мини зоо градина, мал музеј на монети, макети од бродови, автомобили, изложба на скулптури под ведро небо… Во оазата на ридовите со езеро се капат лебеди и пајки. Не само со мирисот, мамат 4000 садници на рози.

Улиците на Монако секој мај се авантура на формула 1. Славни возачи возат 78 круга и се борат за Гран При.

1Маринната е “изложба” на јахти. Чуварите на палатите на вода не дозволуваат фотографирање. Крај брегот низ тунел се стигнува до Монте Карло. Тој е ,,главе град” по изворот на приходи од најсилната стопанска гранка, коцкањето. Името го добил од еден член на семејството Грималди,. Карл 3, кој ја вовел “политиката,, на хазардот како туристичка атракција.

Еден од стотиците објекти со казина, хотелот Гранд, чуварите посакуваат добродојде. Дозволуваат да се влезе во салата за игра во облека во слободен стил, но не и во казината каде влезот е 20 евра. Човек и да не игра ниту лото, ниту бинго, тешко може да одолее да ја проба среќата на слот машини, рулет… Некои од луѓето имаа насмевка на лицата, а некои се со намуртен израз, со горчина на зијан. Возрастите се различни, од стари тетки со гердани од злато на вратот до млади момчиња и девојки како манекени. Интересно е дека најмногу самоубиства се случуваат во собите на хотелите во Монте Карло, откако играчите ќе загубата сé.

Хотелот Казино од 1878 година воодоошевува со прекрасната градина надвор. На паркингот е наредена скалаергела на модели на Мерцедес, БМВ, Ферари или Порше… Покрај коцкање, се играат театарски, оперски и балетски претстави. Сé е гала, сé е шик, мириса на пари низ луѓето во вечерни тоалети сред бел ден.

Loading