МЕД И МЛЕКО

ЛИБАН

20150602172107 308230

Во триесетите година од минатиот век, Либан беше наречен швајцарски исток. Земјата цветала како француски протекторат. Никнувале вили, палати, паркови и шеталиште крај морето. Светскиот капитал се слевал во земјата. Еден за друг се кренавале хотели, казина, бистроа, пабови… Богаташи од сите страни доаѓале во Бејрут со 53 отсто христијани и 47 отсто муслимани. Политичките недоразбирања постепено го нарушувале лагодниот живот и благосостојбата. Во 1975. година дури вивнала граѓанска војна која трееше долго и однесе многу жртви.

Со демаркационата линија преку плоштадот Мартир, градот се подели на источно, христијанско, и западно, муслиманско подрачје. Во неврат исчезнаа плоштади, палати, вили, хотели… Околу 900.000 луѓе ја напуштија земјата. Христијаните се повлекоа во планините.

bejrut

Денес Бејрут дочекува гости на топол медитерански воздух со мирис на Исток. Друг град е, непрепознаен од остатоците на исчезнатиот, предвоен и сјаен мегаполис. Либан е на Блискиот исток. Името значи – млеко и мед. Сместен е меѓу Сирија и Израел. Земјата без пустина, лежи на слатководни извори. Трет и најдарежлив сосед му е Средоземното Море со претежно песочен брег. Природата била великодушна – море, планини, шуми, реки… Не е за чудење што Либанците за 40 минути можат да се капат во море, да скијаат на снег на планинските врвови. Широкоградо се давало засолниште на луѓе од сите раси и националности. На улиците има црнци, белци, азијати, индуси, жолти, мулати…

Народот на Либан се разликува од останатите Арапи. Сите мажи немаат мустаќи. Русокусите сопруги седат со мажите пред кафеаните. Бејрут е главен град кој лежи на ридови кои се спуштаат до морскиот брег. Најстар и најубав е плоштадот Мартир. Величенствен, обрабен со палми и со статуа на средината. Но исчезнал, има само делови. На двете страни на улицата кренати се нови згради. Продолжува градбата. Булдожери копаат црвена земја да го врати стариот сјај со римски остатоци. Во близина е центарот на животот со забава, песни, игри, стриптиз, стомачен танц… Тука е и новата пештера. Низ неа преку скали се појавува како фатаморгана плоштадот Етуал со кула. Хамра е најстарата улица со безброј продавници, ексклузивни бутици, кафетерии и менувачници за трансакции на сите светски валути.

destino-turístico-obrigatorio-para-quem-visita--7-15-2017-4-20-38-am-l

Двете карпи во морето одамна се симбол на Бејрут. Преданието вели дека во пештерите секогаш живееле гулаби. За време на војната жителите ги обучувале да бидат писмоносци за да носат пораки. Некои се враќале со одговори. Пицата на либански начин е исклучително вкусна, крцкава и тенка со много маслинки. Пиво не може да се пие заради постот. Наместо две се плаќа само една пица, поради празникот Рамазан. Либанците имаат богата и разновидна трпеза. Јадат компири со прелив од лук, домати и риби. Табуле е неизбежна салата. Специјалитет е кибе, јадење од житарки со мелено месо. Слатките се ептен вкусни со путер и многу ореви. Национален пијалок е арак што се служи со мезе.

Screenshot 1

Во близина е Деир ел Камар, што значи Манастир на месечината. Сопственик бил богаташ, опседнат со италијанската архитектура. Се наоѓа на планина каде некогаш минувал патот на свилата. Денес е град-музеј. Друго место во близина е Тир. Привлекуваат некрополи од кои се ископани над 300 саркофази. Повеќето се со празнина во главата. Тоа било дело на ограбувачи. Ја провнувале раката и ги краделе обетките и герданите од горниот дел на телото на остатоците од покојниците. Местото Балбек е со  тесни сокачиња и продавници за сувенири. Со паланечката ѓурултија, извира едно од светските чуда, античкиот локалитет Балбек или Акропол од исток. Го граделе Феникијците, Грците, Римјаните, Турците. Градот е доказ на нестварна убавина на протутнати времиња. За жал, никогаш не бил до крај завршен. Светилиштата и храмовите се посветени на боговите Бах, Јупитер и Венера. Градени се од мек камен со столбови до 22 метри. Некои од црвените камења се носеле дури од Асуан. Каменот на трудниците е значаен по тоа што доаѓале жени кои немале пород. Обичајот се одржува и денес. Градот бил создаден на барско тло на кое се насадиле еукалиптуси кои ја сушеле земјата. Градот исчезнал, но тука се еукалиптусите.

Screenshot 2

На северот на Либан, меѓу облаците со длабока клисура е Светата долина. Лебди манастир, речиси споен со карпата, како осино гнездо над клисурата. Во близина се врвови на кои сјае снег. Таму се и шумите од кедар. Постојат четири вида кедрови дрвја, атлански, кипарски, хималајски и либански. Тие се најквалитетни и најстари. Египќаните  од тоа дрво правеле сандаци за мумиите, бидејќи дрвото испушта карактеристична миризба, штетна за инсектите и паразитите.

Screenshot 3

Loading