СОН ИЛИ ЈАВЕ

ИБИЦА

DSC 0249-1-1080x720

Ибица станала популарна на крајот на шеесеттите години кога богаташките деца се осамостојувале и живееле далеку од родителите. Додека прочуената и најстара дискотека Амнезија била куќа на еден од тие богаташи кој организирал журки за своите пријатели. Со времето на забавите доаѓале сй повеќе непознати гости кои ги пиеле сите подготвени пијалоци. Така сопственикот дошол на идеја да наплаќа. Со годините куќата се претворила во дискотека.

Ова го раскажува Давид, сопственикот на малата и симпатична слаткарница  која продава здрави слатки. Дружељубивиот ведар и секогаш спремен домаќин за разговор, информира за Ибица и Форментер, не само за плажите кои нужно е да се посетат, туку за животот на островот.

Ибица била населена од Феникијците уште од 654 г.п.н.е. Паѓала во рацете на Грците, Римјаните, Византијците, Маурите и на крајот ја освоил кралот Арагон Џемс Први. Ги протерал муслиманите. Најинтересно е дека островот е познат вечните забави, по журките, многуте дискџокеи, а не толку по прекрасните плажи и изобилството природни заливчиња. Мноштвото од туристите се Англичани, Германци и Италијанци, главно млади кои доаѓаат за забава. Островот е богат со плажи, природа, мали привлечни, автентични села кои треба да се посетат. Од друга страна, атракција е бурниот ноќен живот со најпознатите светски диџеи. Нема да се згреши да се одбере која била страна, но најдобро е да се ,,вкусат,, двете.

До Ибица, во сезоната, им многу летова, првенствено од ЕУ. Туристите отседнуваат во градовите Ибица или Сант Антонио. Ибица је најголем град. Составен е од старото пристаниште со бедеми и тврдина, под заштита на Унеско, и новиот дел. Привлечен е утврдениот стар дел. Мали и бели куќарки тесно се набиени една до друга само со сина боја на вратите и прозорците. Украсени се со цвеќе. Од врвот на утврдувањето се набљудува градот со доминантна бела и некоја бледо розе боја на куќите и станбените зграда. Тоа е контраст со синилото на морето. Тесните улици ја блокираат надворешната бука, отворајќи ја вратата на некој нов свет, во кој уште владее мир и чувство на спокој.

{AG}561/ibica{/AG}

Во Сант Антонио е прочуеното Кафе дел Мар. Таму расте возбудата. Велат дека нереален е погледот од терасата на залезот на сонцето. Градот е мал. Брегот е полн со огромни хотели, ресторани, начичкани еден до друг. Шеталиштето е покрај марината и некоја плажа која треба да се заобиколи, оти на Ибица има толку поубави. Сй на сй, не е најубаво место на светот, ама е добра база за прошетка на островот, оти сместувањето е поефтино од Ибица.

Без автомобил тешко дека ќе се успеа да се види или да се ужива во некоја од фасцинантните песочни плажи. Затоа се најмува автомобил Фиат 500 за 34 евра со осигурување од 10 евра. Од агенцијата препорачуваат автомобилот никогаш да не се заклучува, особено на плажите. Чести се  грабежите. Затоа се остава отворен. Арамиите барем да не ги кршат стаклата. Ако нема ништо,  разгледуваат и заминуваат. Според обележената карта привлечни се плажите Кала Грасио, Кала Конта, Кала д’орт, Кала Веделја и Кала Саладета.

Кала Конта дефинитивно остава човек без зборови. Спуштајќи се лесно на патот, возбудата расте од прекрасните нијанси од сина боја на  морето кои се менуваат со хоризонтот од бледо тиркизна до тегет, Претопувањето со синилото на небото изгледа како неверница. Се тријат очите. Плажата е популарна и преполна и во почетокот на сезоната. Засолнета е од ветрот со мала карпа низ која се спушта од патот. Да се стопи со амбиентот, малата  кафетерија од која рска музика, е изградена  речиси во карпата и совршено се вклопува во опушената атмосфера. Тешко се заминува, откако еднаш ќе се види синилото. Тоа влече и не се одлепува погледот. Тешко се замислува дека постои нешто поубаво на релативно малиот остров.

Со италијанскиот нов Фиќо патот води низ ридести предели од кои пука погледот врз морето. Се спушта во еден залив наречен, Кала Веделја со многу стегнати хотели на малата плажа. Сонцобраните нудат заштита од сонцето што пржи во еден од рестораните. Овде владее неверојатно чувство од мир и спокојство. Се добива впечаток дека светот престанал да постои, а со него и сите проблем. Небаре времето стои за уживање во идиличното опкружување.

Тешко се остава и оваа плажа за да се киниса за последната обиколка за овој ден. Кала д’ Орт е една чија слика се провлекувала низ инстаграм. Затоа беше обележана за посета. Со неколкуте карпи кои извираат од морето, потсетува на сликаните плажи на Тајланд. Затоа е нужно да се види. Тешко се  најдува место за паркирање. Затоа подобро е спуштање пешки низ стрмниот пат. Плажата долу чести со прекрасен поглед. Прекриена е со некои исушени алги. Не изгледа специјално привлечна, ама погледот ги печи сетилата за вид.

Во Сант Антонио е предвечерната прошетка. Пред ноќта да го покори денот, во Кафе дел Мар се ужива во зајдисонцето заедно со многу туристи. Тоа е мирна увертира за претстојната бурна, ноќна, пардон, утринска забава во многуте  клубови.

Loading