Нé вика нашето страдање

pismo-2

Има свети нешта заради кои големата човечка личност не прави никогаш никакви компромиси, и за неа нема никакво значење што бессмислено жестоката борба ја води кон деветиот круг на пеколот. Не сме слепи драги западнаци, само сме луѓе кои мораме да се грижиме што ќе биде со нашите потомци. Тоа што навистина вреди е тоа што сме го оставиле зад себе. Можат да разговараат и да се договараат колку што сакаат, а да си прават муабет, уште повеќе. Минатото е непроменливо, заедно со антиката, историјата, името, јазикот – македонски. Ја резилат државата, оти не се еманципирани. Еманципираност значи првин да се победиш самиот себе си, своето его, своите емоции, своите комплекси. Кој им го дал тоа право да чепкаат во нашата библиска Македонија, да го онеспособат божјото сознание. Македонците го носат своето име континуирано 7500 години. Јазикот на предантичките и античките Македонци е јазикот на современите Македонци. Помирувањето со судбината е главна пречка за победа. Уште Даме Груев дал бесгрешна дефиниција за вината на Македонија која е актуелна и денес. ,,Вината на Македонците е што си ги бараат своите права. Друга вина немаат.,,

Бугарската како и грчката историографија се специјализирале во областа на национална пропаганда. Албанците, со наша помош, си ја тераат својата големоалбанска агенда. Макеоднскит космополитизам ги прави бессмислени сите спорови дали тоа античките Македонци се Грци. На претек имаме историски докази. Над 20 години бугарските печатени медиум користат повеќе македонски зборови за да ја докажат блискоста на македонскиот јазик со бугарскиот. На 48 отсто од учениците во Бугарија, бугарскиот јазик не им е мајчин јазик. Бугарија и Грција молкум стигнаа до консензус: античката историја  на Егејска Македонија е грчка и делумно средновековната, а пак историјата на северниот дел е бугарска, односно тракиска низ антиката, а бугарска во средновековието.

Олимписките игри воопшто не биле спортски како денес. Тоа било опш елински празник. Основани се 774 г. п.н.е. Македонците безмалку три века не учествувале на олимписките игри. Дури само тоа покажува дека Македонците не биле Грци. Многу малку е познато дека Македонците си имале сами ,,олимписки игри,, кои што се одржувале во свештениот град Дион.

 Нека читаат повеќе леснодарители: во библијата времето е обратно.

Во оригиналниот хебрејски текст на стариот завет  иднината секогаш се пишува во минатот време, а минатото секогаш се пишува во идно. Во библијата постои код кој ја открива иднината. Тоа треба да ги згрижи сите Северномакедонци. Ами НАТО и ЕУ?! За светот Македонија е божество. Само ние тоа не знаеме да си го цениме и чуваме. 

Loading