КОЛОРИТОТ НА КАНАЛИТЕ

Амстердам

ams 1

Вондел паркот се најдува во поширокиот центар на Амстердам. Овој град не е престолнина на Холандија. Главен град на ,,ниската земја,, е Хаг., ТВо близина е музејската населба и плоштадот. До центарот од автобуската станица се стигнува пешки, низ тесни улички поплочани со црвени тули. Низ сокачињата се начичкани продавничиња, кафе шопови, ресторани… Сé е примамливо. На секои 100 метри се оградени канали раскошни мостови. Покрај нив паркирани велоспеди. Врвулица на луѓе со различни раси и вери.

Ams 2

Дам сквер се вика централниот плоштад. Поставена е голема бина и за пречек на Новата Година и тонската проба на дел од изведувачите. Кај минувачите веќе се буди чудно чувство не само од импозантните градби. Без трепкање на очите, минува осет како дел од некој филм. Посебно бранување се поделува со многуте туристи. Не може човек да одолее и да не се вклопи во бајката наречена Амстердам. Чудна енергија струи кај посетителите. Колосалните објекти околу централниот плоштад го одземаат здивот. Човекот е ситен покрај сведоштвата на минатите времиња. ,,Прејадени,, од силните впечатоци, гризе стомакот. Многобројни ресторани. Каде? На секој чекор  има кинеска, тајландска, тибетанска храна. Миризбата мами. Секој посакува нешто да проба. Во Амстердам сé е премногу. Потребни се години да се проба сé. Не е можно сé да се вкуси за кусо време во атмосферата што инспирира. Покрај измешаните мириси Амстердам е град на слободата. Достапни се сите пороци. Таква е културата на оваа земја.

Амстердам е познат по музејот на Ван Гог. На секој од трите ката, сликите се наредени по фазите на неговото творештво. Пред некои се занемува кога длабоко ќе се влезе во структурата на колиритите. Издаваат нозете во желба што повеќе да се види за малку време. Не се издржува движење нон-стоп. Секое подлабоко ,,истражување,, носи уште, и уште импресии. Така секој турист станува збунет. Не е чудно. Ретко кој не е предизвикан од напливот на впечатоци кои се доживуваат во секој миг. Дури и кога се седи со кафе на одмор од долгите прошетки, не може човек да се исклучи. Постојано е нападнат од нови приказни што извираат од црвените тули. На тој што посакува повеќе и повеќе, не му е ,,полесно,, ниту со вртење на педалите на велосипедот. Зашто интензивно воодушевува спојот на спротивностите низ чувствата на брзина и мир. Широко отворените очи не дозволуваат треперење. Боите возбудуваат секоја секунда. Се создава лудило во главата од агресијата на убавина, хармонизирана како градска душа, додека градот ,,се пали,, во новогодишниот декор и еуфорија. Тешко се совладуваат новогодишните струи. Понесува атмосферата на насмевки, трештењето на музика… Не се успева да се биде рационален и како децата да не се помисли желба и да се заплови во волшебството на Амстердам.

ams 3

Утредента пак лебди позитивна енергија. Бакнежи и гушки го угреваат градот на секојчекор. Љубовта на улица не е само за празници.Нормална е за овој град. Нешто што изгледа необично, овде е навика и се поима како нормално. Љубопитност сред бел ден предизвикува квартот на црвените светилки. Цицки на излози. Прекрасни дами од сите возрасти и бои, облечени во секси долна облека. Ги привлекуваат потенцијалните клиенти. Не дозволуваат фотографирање. Не се премногу експлицитни. Стојат со заводничка насмевка секоја во своето ,,стаклено ѕвоно,,. Си прават муабет меѓусебе, додека ,,гладните,, или љубопитните несрамежливо ги плакнат очите во необичната слика. Разгледуваат како да се маици на панаѓур. Разликата е во тоа што не можат да се допрат преку стаклото. Во заднината се наѕираат кревети. Има за сечиј вкус, од русокоси со силиконски гради, до дебели црнкињи… Има и транвестити. Шоу на перверзија или слобода. Како кој сака да разбере.

Излет на Северното море е посебно доживување. Таму се Хаг и Ротердам. Таму е објектот каде им се суди на злосторниците. Доживување е прошетка на песочна плажа во јануари. На блискиот ресторан се нудат пржени харинги со кригла пиво.  И сит ќе проба.

ams 5

Ако Амстердам е филм, тогаш Ротердам е видео игра. Реалноста е како симулирана совршена електронска графика. Блешти целиот градот на најголемото пристаниште на Европа. Измешана е старата и современата архитектура. Некоја друга димензија. Впечаток е дека градот е инспиративен. Поттикнува на мислата дали е сето тоа можно што го ,,крадат,, сетилата за вид. Градот е демант на констатацијата не е можно. Можно е ако човекот се потруди.

Перцепцијата на чудните градби крај кои се гази, се талог и дебела трага во животот. Фасцинација е Холандија. Мака е времето до новата средба.

Amsterdam-1024x691

Loading