ИМА ЛИ ЛОГО ФЕСТИВАЛОТ НА ПИВОТО?

Од 18 до 21 јули 17. издание на Пивофест

Новини на старата локација

Цеца вторпат под Марковите кули

PF2019

Ceca2010Ако се зборува за Фестивалот на пивото и скарата во пресрет на неговото 17- то издание, сигурно е дека долгогодишното опстојување на манифестацијата упатува кон сознанието дека таа се потпира на големата традиција. Што е ново? Еден е Пивофестивалот во Прилеп, но има ли тој свој бренд, пред сé, свое лого, заштитен знак, асоцијација, модел за сувенир. Понесуваат ли посетителите секоја година различен предмет и тоа од иста манифестација? Или како што се менуваат и организиаторите, такво дизајнерско решение има фестивалот, или пак токму во различните графички прикази го имаме богатсвото на манифестацијата. Треба ли Пивофестот да има свое препознатливо лого? Дали е тоа криглата со пиво и пиле, две кригли пиво или нови и модерни анимации?! Лого со кое манифестацијата ќе биде препознатлива. Правилното и успешно брендирање значи поголема посетеност и етаблирање надвор од државата или пошироко во светски рамки.

За стручнацитем логото треба да е репрезент на целокупната понуда на приказната Пивофест од 2002 година. Фестивалот потоа стануваше сé побогат и попривлечен и за учесниците и за посетителите од државава и регионот. Нашинците од дијаспората ги планираат годишните одмори специјално во јули за традиционалната журка со пивото и ќебапите. 

Има ли фестивалот осмислена физиономија. Можеби својата зрелост како манифестација со високи ораганизациски вредности ја имаше по наполнувањето на една деценија, кога имаше и блескави изданија со сите карактеристики и специфики што го прават посебен, препознатлив и единствен. Брендот е идентификација, симбол, ознака, име кое заслужено или не го има Прилеп! Но, треба да се негува и надоградува!

Пред 95 години е направено првото пиво во градот под Марковите кули, во престолнината на мајтапот, градот на искрената гостоприемливост.

НЕМА ОГНОМЕТ ЗА ПИВОФЕСТ

Прилеп ќе биде домаќин на фестивал на пивото од 18 до 21 јули, а кој годинава ќе понуди повеќе видови пиво, скара и одлична музика. Локацијата е непроменета. Од безбедносен и инфраструктурен карактер, ќе се одржи во центарот на 4.132 м2. Градоначалникот Илија Јованоски најави повеќе брендови на пиво.

-Нема да има огномет. Дел од средствата ќе бидат подарени на Здружението на лекувани алкохоличари, како поттик за членовите на здружението – рече Јованоски.

Организацијата е доверена на агенцијата Баги Комуникации, која одлучува за изборот на ѕвездите на програмата на 4-те фестивалски вечери. Локалната самоуправа настојува да го издигне фестивалот на повисоко ниво, да се развие креативниот, алтернативниот туризам.

-Ќе биде поставена Пеин бол арена, воведуваме игра ,,Пивопол,, и првпат правиме активна детска зона. Во овој период ќе работи сервис на посетители. Ќе има простор за ,,Изгубено – најдено,,. Безбедноста ќе биде на повисоко ниво, а ќе се постават поголем број на ВЦ кабини И за инвалиди – рече Јана Јанеска Ристеска, од ЛС.

За посетителите од другите градови ќе биде организирано кампување на Паркот на револуцијата. Паркингот ќе биде 50 денари.

ВТОРПАТ ЦЕЦА

Првиот ден фестивалот ќе го отворат Прилепски еснаф, потоа двете култни имиња во македонската традиционалната музика Селимова- Желчевски, гостите Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив а вечерта ќе ја затвори еден од најактивните рок бендови и најдобри Галија. Во петокот се Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ и бендот Кантурови а последна настап ќе има балканската ѕвезда Цеца Ражњатовиќ. Во сабота вечерта ќе ја отворат се The Hounds, потоа е Влатко Стефаноски Трио, Фрајле и Тамара Тодевска. Последната вечер се The four, Кал бед, гостите од загреб Сања, Маринко и Зец од Нови Фосили и вечерта ќе ја затворат Cyrillic.

Loading