СЕМКИ ОД КАЈСИЈА

kajsija

Сончевите капки – капките масло од семка од кајсија се одговорот за виталноста и долговечноста на хималајскиот народ од малото Кралство Хунза. Кралот на Хунзите, Мир Газанфар Али Кан, со делегација ја посети Македонија во 2008 година. Се зборува дека Хунзите вообичаено живеат по 120 години. Често стануваат и родители и после 100-тата. Овој народ негува култура дека од овој свет треба да се замине заради старост, а не заради болест. Не им се познати најстрашните болести на нашиот век, тумори, меланоми, карциноми или рак.

Хунзите создаваат рачно исцедени сончеви капки, екстракт од семките на хималајските кајсии, добиени по древна рецептура, непроменета со векови, толчејќи ги семките камен на камен. Во овие семки количината на Б-17 е 200 пати поголема од било кој познат извор. Ги има и другите Б витамини. Маслото ги содржи и витамините А и Е, линолна и други есенцијални масни киселини. Тоа е силен антиоксиданс што го јакне организмот и го прави отпорен на болести. Составот го хармонизира матаболизмот на природен начин. Со метаболичка терапија ги отстранува токсините собрани во телото. Делува антивирусно и антивоспалително. Помага при лечење на астма, хроничен бронхит, кашлица и ангина. Маслото ги ублажува и сосема ги отстранува ревматските болки со масажа со неколку капки секој ден. Според Хунзите, маслото ја јакне сексуалната моќ. Афродизијачките својства се гледаат во фактот дека не ретко населението станувало родител после 100-тата година.

Хунзите им го даваат и на децата секојдневно по една лажичка во млекото, или навечер, за добар сон. За возрасните се препорачуваат 7-10 капки наутро и навечер. За козметика и нега на кожата се употребува неограничено.

Несакани ефекти не се забележани.

Loading