АВАНТУРИСТИЧКИ БЕЛ ГРАД

Казабланка

Кога француските колонијалисти решиле на местото на некогашната мала приморска цитадела да изградат пристаниште, бидејќи посакувале да извезуваат што повеќе фосфати, се создала Казабланка.

Зашто Казабланка е економски и бизнис центар на Мароко ?

naslovna-1

Најголемиот марокански град денес е метропола, која непрекинато расте последниве 100 години. Со околу 4 милиони жители, се развила во вистински економски центар. Околу 80 проценти од вкупната мароканска индустрија денес се во Казабланка. Бидејќи претставува економски и бизнис центар на Мароко, улиците се задушени од сообраќај. Казабланка  претставува штица за скок за Европа. Затоа, Каза, како што ја викаат на арапски, привлекува доселеници од цела Африка.

Иако е прославена преку романтичниот истоимен филм со Ингрид Бергман и Хемфри Богарт, се утврдило дека тоа е најдобриот маркетиншки трик. Филмот всушност е снимен во Холивуду. Покрај тоа што не е толку егзотична како многи други градови во Мароко, меѓу останатото е и центар на уметнички случувања и промоција на модни новитети. Широките булевари со модерни згради и стаклени фасади повеќе потсетуваат на некоја високоразвиена европска престолнина, отколку на град во Африка. Во Казабланка уште постојат стари делови на градот, кои потсетуваат каде сте. Старата Медина претставува оригинален арапски дел од градот, делумно затворен со ѕидини. Изгледа како лавиринт, со тесни сокачиња и куќи од камен и цигли со бела боја. Медина е преполна со продавница во кои се продава разновидна стока.

sajt-1-1

Пристаништето Казабланка е најголемо во Мароку. Згора е и најпрометно во цела Африка. На пристаништето се врзани со јажиња полно масивни бродови со контејнери и магацини што е карактеристично за вакви објекти.

Во Кзабланка одзема здив Џамијата на Хасана 2. Изгледа како да е изградена на тераса над Атлантскиот Океан. Небаре минарето изнуркува од Атлантикот. Отворена е во 1993 г. Таа е проект на францускиот архитект Мишел Пинсеау. На градбата биле ангажирани речиси 6000 работници. Наследство е на починатиот султан Хасана 2. Џамијата обезбедува простор за 25 000 верници внатре, а на платото пред неа може да застанат уште 80000 луѓе. Импозантен објект е огромното минаре, високо 200 метри. Џамијата е специфична по подвижниот покрив, тежок околу два тона. На убаво време покривот е отворен. Внатрешноста е украсена со фасцинантни детали во типичен марокански стил. Бидејќи претставува најувпечатлива знаменитост на Мароко, фантастичниот архитектонски бисер е отворен и за немуслимански посетители, надвор од предвиденото време за молитва. Во неа владее неверојатен мир и спокој.

sajt-2-1

Од џамијата, покрај брегот, продолжува една од најдолгите улици. Таму се среќаваат стотици хотелски комплекси и скапоцени вили. Како целото Мароко, и Казабланка е преполна со контрасти. Иако го именуваат како бел град, бел навистина е, ама сигурно не е чист. На улиците често се наидува на депонии каде локалното население и туристите ги фрлаат своите вишоци.

Казабланка е модеран град со богато наследство кое и ден-денес шармира со славата, стекната после снимањето на култниот филм. Заради гламурот, сјајот и врвните забави, претставува магнет за туристите од целиот свет.

sajt-4-1-1024x773

Loading