Желки на плажа

ЗАКИНТОС

agios nikolaos

Закинтос или Занте (италијанското име) е лоциран на западниот брег на Грција. Островот го добил име според Закинтос, синот на легендарниот аркадиски владетел Дарданос. Додека островите Иос и Кос се поврзуваат со добра забава, а Родос и Крит за семејните одмори, Закинтос е нешто помеѓу. Поголемиот дел од плажите и градовите се лоцирани на јужниот и источниот брег, додека западниот и северниот се претежно планински, често со карпи кои се спуштаат стотици метри во длабочините на морето.

Најголемиот град, Закинтос се наоѓа на источниот брег. Ова е единствено место каде во екот на туристичката сезона има повеќе туристи од мештани. Поголемиот дел од островската популација од околу 35.000 жители живее во овој град. Околу пристаништето се хотелите, но и тесната карпеста плажа. Најчесто Закинтос не се наоѓа на туристичките понуди, туку соседните градови. Градот е културен центар на островот со голем број импресивни музеи, а еден од најпопуларните е Музејот на византиската уметност.

Alykanas-beach

Лаганас е главниот град за забава. Големата улица се состои, речиси во целост, со ноќни клубови, барови и ресторани за брза храна. Лаганас е популарна дестинација за младите. По целата должина на плажата има атрактивни барови и ресторани. При престојот пожелно е да се посетат Сините пештери на северниот дел од островот. Серија од геолошки формации го создаваат ваквиот пејзаж. Природните сводови кои се влез во пештерите се дело на ерозијата. Познати се по азурната боја на водата која е најубава наутро кога светлото е најсилно. Оттаму е и името Сини пештери. Кианон пештерата е најголема. Да се стигне е потребно бротче или со организирана обиколка. Всушност, Сини пештери има на три локации. Импресивна е и плажата со остатоци од бродот Навагио, кој се смета дека бил криумчарски и се закотвил на прекрасниот мал залив во 1981. Таму се стигнува преку Порто Вроми. Плажата е преплавена со бродови и стоптици туристи од 20 закотвени бродови.

zakynthos-town

Плажата Агиос Николаос е најдобра на островот. Таа е мал залив во прекрасно природно опкружување, 30км од градот. Името го добила според малата капела. И тука се најмуваат бротчиња за Сините пештери. Песокот е со црвенкаста боја, на која, покрај туристите можат да се забавуваат со  разни спортови на вода. Аликес е една од најпознатите песочни плажи, оти е најдолга. Името го добила по фармите за сол кои порано биле главен извор на приход за островјаните. Туристите ја посетуваат поради кристално чистата вода и ситниот песок. Околу има археолошки остатоци. Аликес е богат со ресторани, барови и продавници. На брегот се учи скијање на вода. На крајот се наоѓа мало пристаниште за бротчиња за риболов и порто за организирано патување за Сините пештери. Дафни е тивка песочна плажа со забранет сообраќај. Обебедуваат комфор малите таверни за храна и пијалаци заедно со лежалки. Плажата Геракас е на југ. Дел е од националниот парк, поради  гнездата на заштитениот вид морски желки кои тука ги положуваат јајцата. Затоа нема ниту кафетерии на песокта. Тотална тишина. Звукот на брановите е амбиентот на местата каде што се раѓаат желките. Дури и осветлувањето ноќе е прилагодено да не се вознемируваат мајките – желки при полагањето на плодовите. Волонтери делат летоци со упатства за однесување на плажата. Ограничено е движењето на луѓето на локацијата на гнездата.

Dafni 2

Loading