ШУМА КОЈА ПЛИВА

Северниот бисер на Егејот – Тасос

– Боорова шума се спушта до рајските заливи кои нурнуваат во кристалното зелено море

Limeni - glavno mesto na Tasos so sest prekrasni   plazi

Во најзелениот и најсеверниот грчки остров на Егејското море, познат како шума која плива Тасос, се заљубило храброто момче Тасос со кралско потекло, барајќи ја феничанската принцеза Европа, која ја грабнал и ја одвел во непознат правец. Се уморил трчајќи по принцезата, застанал, ја прекинал трката и трајно останал. Жителите погодени од вниманието, островот го нарекле по неговото име. Вечно останал вљубениот Тасос со приказната од митологијата.

Денес, Тасос е остров со прекрасни плажи, мирно и чисто море со илјада и една нијанса на сино, изобилство од сонце и шуми на копното, мир и тишина која одекнува до бескрајност. На зелениот скапоцен камен живеат околу 16.000 жители во дваесетина места, претежно крај морето, покрај живописните песочни плажи во заливите. Порано населението живеело на ридовите. Поради туризмот, се приближиле до Егејот. За престој на туристите уредени се во убав комфор доста апартмани, бунгалови и хотели… Тасос е и остров на гостопримството. Неочекуваните посетители ги дарува со вкусни јадења, сочни салати, маслинки и козјо сирење, благородни вина и ракии…

Главното место е на север на островот. Тоа е поголемиот град и пристаниште со шест прекрасни плажи во сенки на борова шума. Добро е снабден. Сé е на дофат на рацете, особено таверните и винариите под платнени крошни. А виното е традиција долга над три милениуми. Местото е познато и како Лимена. По крајбрежјето на островот изграден кружен пат од околу 100 километри. Сé е прекриено со шума, претежно иглолисна. Затоа медот со темна боја е специјалитет. Највисокиот врв е на 1.204 метри. Се вика Ипсарион и го дели Тасос на два дела. Источната прекриена со густа борова шума, стрмна и вертикална, а на запад, поблиску е морето, со благи ридчиња кои преминуваат во рамнина со маслинки, лозја, овоштарници… На север се зеленчуковите градини, а од страната на морето, фарми за одгледување школки, ракови.

Plazite se milina a moreto e bistro i cisto pa i   razblazeno

Островот изобилува со питка вода. Потоците на изворите ја разредуваат соленоста на морето. Тасос е полн со недопрена природа, со мали скриени заливи, археолошки наоѓалишта, манастири и традиционални села и рајските, песочни плажи и заливи кои нурнуваат во кристалното зелено море. На дофат е на Кавали, поголем град и центар на Тракија. Од Солун е оддалечен 160 километри. Ферибот од Кавали патува околу еден час. Преку Керамоти се стигнува за дваесетина минути.

Сите населени места по должината на брегот се нови со убави палати на кат или два, со тераси, се градени блиску до морето, на педесет или стотина метри од песочните плажи вгнездени во зеленило. Тивко е и мирно. На ридовите се старите куќи и цркви со панорама над Егејот. Патиштата се асфалтирани. Брзо се стигнува и до пустите села. Домаќините негуваат традиционално гостопримство. Нудат заборавени јадења, салати, маслинки, козјо сирење, “благородна” капка домашна ракија позната како узо или мастика. На трпезата се сервираат и печени јариња.

Poln e ne samo so nedoprena priroda tuku i so polno mali   skrieni zalivi

Морето е бистро и чисто, па и “разблажено” од врвот Ипсарион. После градот Тасос, наредени како бисери се населби раскошно осветлени од сонцето и со шума во заднината – Макримос, Панагија, Голден бич, Скала Потамос, Кинира, Алики, Нунера, Потос, Пефкари, Лименарија, Калиракис, Принос… Малите места се одлично снабдени со риба, месо, свежи печива, млечни производи, овошје и зеленчук.   Пред да го населат островот Феникијците, кусо престојувале Тракијците пред 2000 година п.н.е. Островот го спомнува и Хомер во Одисеја. Тројанскиот јунак Одисеј наишол на сирени кои волшебно пееле да го привлечат на брегот. Одисеј, пред тоа, ги затнал ушите да не ја слушне песната и ја избегнал заседата.

Крај патот за познатата плажа Макриамос, се најдува сочуван театар. Во археолошкиот музеј, сместена е, меѓу другото, огромна статуа на храбриот Тасос кој во раката држи овен, долг три ипол метри. Зградата на музејот е покрај мала песочна плажа со многу “паркирани” стари бродови и чамци. Островот е и едно од првите места на христијанството после посетата на апостолот Павле, кој ја проповедал новата вера. Изградени се стотина цркви, а и неколку манастири.   

Pretopuvanje na moreto i vegetacijata

Loading