КАКО ДО ЧИСТ ГРАД И ЖИВОТНА СРЕДИНА?!

Акција на ЈКП Комуналец за подигање на отпадот од руината во близина на Центарот за церебрална парализа

-Никој не е фер спрема Комуналец и нивната врвна услуга и заложба за чист град, а за која граѓаните и бизнис секторот плаќаат  најниска  цена на услуга во државава.

3

По реакцијата на граѓаните во јавноста за руината полна со отпад која се наоѓа во непосредна близина на Центарот за церебрална парализа, експресно акција за отстранување на сметот и шутот од објектите на ул. Иво Лола Рибар спроведе ЈКП Комуналец. Нашиот читател Миле Наумоски до неделникот Зенит во минатиот број достави писмо во кое ги потсети локалните застапници за потребата од отстранување на двете градби руини кои се опасни оти им се заканува самоуривање, како и по ризик на животот на околните жители оти претствауваат жариште на заразни болести, дувло на влекачи, глодари и сомнителни ноќни посетители. 

По спроведеното чистење во писмениот допис кој го испратија до новинарите од ЈКП Комуналец признаваат дека имало “купишта отпад веднаш до прозорците од  Центарот за деца со церебрална парализа.”Понатаму мошне пластично ја опишуваат и целата фактичка состојба:

“Неподнослива реа се шири од јавно направеното ВЦ и од купиштата отпад веднаш до прозорите од зградата каде е сместен Центарот за деца со церебрална парализа, а каде несовесните граѓани во старата распадната и напуштена зграда  исфрлиле се што не им треба. Стар мебел, картони, најлон, пластични предмети од домаќинство, пет амбалажа, отпад од косена трева и градинарски растенија, отпадни гуми, масла и лепила, градежен шут и што ли уште не, ја загадуваат околината и СОУ,,Кузман Јосифоски – Питу,

Centar za cerebralna paraliza

На 9 мај, комуналците со механизација и зголемен број на работници  го чистеа овој напуштен објект. Во известувањето од Комуналец понатаму се вели:

“…Заради затворениот простор, при работата се креваат облаци од  прашина, со што е отежната работата. Вклучени се и цистерните да го навлажнат отпадот за да може работата да се одвива непречено, но и да се заштити здравјето на вработените,,.

На прашањето до  жителите од околните куќи, кој исфрла толкави количества отпад во напуштениот и руниран простор,  дел  одмавнуваа со раката, а дел од нив кои не сакаат да говорет јавно, Велат дека отпад се носи од сите околни куќи, дуќани и работилници.

Како и да е, Локалната самоуправа и Комуналец, должни се да постапуваат согласно законската процедура и да го исчистат просторот, без оглед на тоа кој  причинил  и направил ваква штета.

Менаџментот на Комуналец истакнува дека со ваквите заложби и врвната услуга  на фирмата, која е истакната и пофалена на сите конференции и дебати, никако да се стави крај на оваа немила појава. Додаваат дека, покрај воведувањето на бесплатн линија за собирање отпад во поголеми количини  и кој е од видот на градинарски, отпад од кастрење на дрвја или габаритен отпад, а кој комуналците го  собираат на повик, не можат да ги навикнат граѓаните да ја користат оваа бесплатна услуга.

Дел од отпадот исфрлен во овој простор или на дивите депонии е од  бизнис секторот, посебно од малите работилници и дуќани. Од Комуналец велат  дека никој не е фер спрема нивната врвна услуга и заложба за чист град, а за која граѓаните и бизнис секторот плаќаат најниска цена на услуга во државава. Само за споредба,  еден дуќан од 30 м2,  плаќа сметка од 94 денари. Ако земиме во предвид дека еднаш неделно оди возило да го подигне нивниот отпад, и ако земиме дека еднаш месечно се користи работник и возило да се достави сметката, каде е тогаш есаппот на комуналците, кои од истите пари треба да го чистат и сиот расфрлан отпад на јавните површини во градов и во околината на градов.

За крај,  е прашањето, од што е незадоволството кон Комуналец? Покрај   огромни напори за чист град и животна средина не сакаме да го почитуваме тудоти трошоците на комуналците, да се консултираме, да се јавиме, да прашаме,  и да не упатат каде, како и кога ќе биде собран и одложен сиот отпад, таму каде што му е местото. Тешко ли е тоа, ако  сите сме за  чиста животна средина?!” – стои во текстот за чистењето на напуштениот простор со огромни количини на отпад до Центарот за деца со церебрална парализа, а со цел да дадат едукација како не треба да се однесуваме спрема животната средина, но и тежината на чистењето на ваквите простори.

ДА СЕ РАЗБЕРАТ НАМЕРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Во писмото, освен за руинираните објекти на ул. Цар Самоил односно Иво Лола Рибар,  нашиот читател Миле Наумоски локалните власти ги потсети и за отстранување на старата градба, поточно руината на ул. ,,Александар Македонски” карши паркот кај Шаторо, отстранување на старата градба на ул. ,,Борис Кидрич,,, отстранување на градба на ул. ,,Војводинска,, и проширување на улицата…

Наведувајќи ги сите овие примери, Наумоски  пишува: Човек да помисли дека во секторот урбанизам од локалната самоуправа седат земјоделци и сточари, а не инженери и правници!. А граѓаните кои сакаат поквалитетен амбиент за заеднички живот должни се да потсетуваат се додека не разбереме дека сте не разбрале во нашите намери – пишува Наумоски.

Loading