Една стрина одела овчарка. Ги пасела овците со едно внуче од брат на незиниот маж. Стрината била меракливка. Се онадела со селските овчари. Ги менувала ко да í се мажи. Еднаш ја видело внучето. Детето побегнало. Но, се вратило и í рекло.
-Стрино, не ти чини то шо го прајш со фиљан овчар. Че те кажам на стрико ми!
Стрината му рекла на внучето.
-Мојава нареда каса! Виде како бегаше фиљан овчар. Од болештина, фати фитфиделија. Нема да се врати. И тебе ќе ти се навртам, да се увериш – рекла стрината.
Внучето се прелагало, го кренало пемперето, í го пуштило на стрина си од назад меѓу нозете. Старата вампирка со пракса му го штипнала силно за мандалцето. Внучето го доболело, спискало и побегнало. Разбрало дека каса палежната женска нареда.
Внучето пораснало. Дошло време да го женат. Но, не сакало да слушни за женидба. Се плашело дека каса женската нареда. Не кажувал кој му кажал за тоа. Со триста марифети го прелагале домашните и го ожениле.
Вечерта момчето си легнало со невестата и му се бендисала ноќната игра. Невестинската, палежна, од која се плашел, не каснала. Се ослободил од стравот. Му се засладило и со невестата терал така по неколкупати секоја вечер. Еднаш отишле на слава кај нејзините родители. Момчето ја прашало невестата.
-Кај че си напрајме слатка игра?
-Ноќта е наша. В постела кај нашите.
Момчето чекало да ја потера слатката игра. Но, немало место за спиење за домаќинката, па легнала во постелата кај ќерка си и зетот. Домаќинката, наместо до ќерка си, легнала до зетот. Утрото станале мајката, ќерката и зетот и заминале на гробишта и в црква. Запалиле свеќи, ислушале богослужба, и на враќање, момчето í рекло на невестата.
-Ноќеска кога те онадев, толку ми беше слатко, што и не ме бакна.
-Мажу, ти ништо не ми напрај? Не сетив. Јалнаш си. Да не си ја онадел мајка ми, наместо мене?.
-Ти беше – тврди зетот.
Жената остро го погледнала.
-А бе, мајка ми си ја онадил?
Зетот се засрамил и рекол.
-Можи сонував?
Ја прашал бабата си.
-Како спиењето во нашата постела?
-Од убо, поубо. Ко на младос со дедо ти. Зете, неискусно дете, во една постела, ај женина, ај бабина, ај царичина, магаричина, мирисо е ист. Тој, слепијо и шутијо, влева секаде. В постела нема род. Тој род не познава. Нема рогој, да не го бери. Само не фаќај змија за опашка да не те клукни по срце. Не í кажувај на ќерка ми да не ти се одмазди. Речи í дека било сон, а не јаве – го опоменала бабата.
Итрата баба така се скрила и добила тврд кочан како во младоста.