И БОГОВИТЕ СЕ ЗАЉУБУВААТ

Родос – грчки бисер во Медитеранот

– Историјата го дарувала Родос со богато наследство. Се спомнува во Тројанската војна, а го опишува и Хомер во Илијада

Atraktiven grad

Запознавањето со грчкиот остров Родос е уверување за единственост. Островот е космополитски центар, туристички рај, како за Грците, така и за бројните странци. Се гордее со магично крајбрежје, боженствено море и фантастична клима, која овозможува да уживање цела година. Но, Родос, секогаш и во секоја прилика, е и нешто повеќе.

Името го добил по митската нимфа Роди. Занесната нимфа се впуштила во љубовна врска со Хелиос, богот на сонцето. Според грчката митологија, Хелиос е заштитник на Родос. Островот го дарувал со благородни зраци, го миел и заплискувал со брановите на својата светост, го украсувал со сино, давајќи му ја попатно својата сила и сјај. Така Родос израснал во бисер со фантастична природа и непроценливо богатство на споменици како доказ за човековата моќ и дух.

По големина е четврт грчки остров, незначително оддалечен од крајбрежјето на Мала Азија. Природна граница е меѓу Егејот и Средоземјето Море со крајбрежје од 220 километри и прекрасни песочни, камчести или карпести плажи. Родос има и планина со врв од 1.205 метри, извори, долини, вода за пиење и сто илјади гостопримливи жители.

Izobilstvo od pesocni plazi za beskonecno uzivanje vo   morskite branovi

Историјата му дарувала богато наследство. Спомнат е од Хомер во Илијада. Првите жители биле Минојците, а потоа господари на островот станале Дораните, кои ги основале градовите Линдос, Јалисос и Камирос. На север е новиот град Родос, поради успешната одбрана од бројните освојувачи. Брзо израснал во поморски, трговски и културен центар на Медитеранот.

Рицарите Јовановци од осум земји даваат нова димензија во историјата на Родос. Пристигнале во 1204 година и го обновиле градот. Најубавите градби, сочувани и денес, потекнуваат од Јовановци, кои останале три века. Потоа островот го зазел Сулејман Величенствениот. Под моќната Отоманска империја бил до 1912 година кога го презеле Италијанците. Со надеж дека на ќе останат за секогаш, ја обновиле палатата Големиот мајстор. Го поставиле и грбот на Виктор Втори Емануел. На крајот, Родос како и сите останати острови í припаднал на Грција во 1948 година.

Meka za turisti

Градот Родос е сместен на северниот дел. Еден е од најубавите на Медитеранот. Силното сонце го осветлува цела година. Источното крајбрежје го плиска Средоземното Море, а западното, ветровитиот Егеј. Пристаништето Мандраки е на исток. На двете пристаништа на Мандраки се поставени фигури на елен и срна. Според преданијата, на тоа место, стоела познатата фигура Колос од Родос, едно од седумте чуда на античкиот свет. Во близина е влезот во стариот град, со сплет од тесни улички и бројни палати во кои се влегува низ двор покриен со црвено-бел мозаик. Таму доминира палатата Големиот мајстор, денес музеј, до која се стигнува по оригиналната улица уште од 14 век.

Втор град по големина е Линдос. Го нарекуваат најубавото село на светот, поради преубавите плажи во Заливот на апостолот Павле. Или, можеби, поради комбинацијата на рицарските ѕидини и античкиот храм над градот. Во тесните улички има продавници со сувенири.

Morska sir koja ponesuva

Островот живее два различни животи. Едниот е во врева во лето. Вториот е спокоен семеен живот во зима. Исчезнати се традиционалните професии како рибари, пчелари или сточари. И жените не го сочувале оригиналниот вез. Темпото на современиот живот не им дозволува, бидејќи туризмот е основна економска гранка. Сепак, стариот дел буи со продавници со сувенири, традиционални производи од кожа и со ткаени и везоци. Градот е дарен со градска плажа од три километри. На островот доминираат стари цркви и манастири. Новото време го исполни копното во морето со хотели од сите категории. Од мај до октомври настапуваат фолклорни ансамбли со традиционални програми. Воодушевуваат таверните, рестораните со богата грчка кујна, но и со специјалитети од многу делови од светот. Винарските визби се заштитен знак на островот. Туристите имаат на располагање бурен ноќен живот со модерни барови, кафулиња, дискотеки, казина.

Јужниот дел е идеален за сурфање, а на запад е градот Монолитос со замок на врвот, слично на Метеори.

Ostrov na koj ne moze da se odolee

Чуда на природата

Украс се и две фантастични песочни плажи Замбика и Афандоу. Таму е и прекрасната карпеста плажа Ентони Квин, на која се снимени и секвенции од филмот “Топовите на Наварон”.

Природен островски феномен е долината на пеперутките. Низ неа тече рекичка, која на крајот прави езеро. Од јуни до почетокот на септември се размножуваат и живеат милиони црно-портокалови пеперутки.

rhodes

Loading