ВЕЧНА ПРОЛЕТ НА КАНАРСКИТЕ БИСЕРИ

13804918-las-palmas-de-gran-canaria-vista-desde-torre-de-la-catedral-gran-canaria-islas-canarias-españa

Како голем кит на брегот, Гибралтар испрака добронамерно со погледот на пристанишните светилки. Темни обаци го голтнаа денот кога  бродот се нурна длабоко во водите на Атлантикот. Цела ноќ траеше борбата со брановите, додека огромното пловило чкрипеше и квичеше. Се смири дури пред зората. Пред пладнето се огласи сирената со долг глас дека копното е на видикот. Низ сината магла почнаа да се тркалаат темните карпи на Тенерифе, најголемиот остров на Канарскиот Архипелаг со седум острови. Заедничко им е вулканоското потекло, климата со вечна пролет, долгите плажи со ситен песок. Условите за капење се погодни речиси цела година. Изненадувачки е што високите планини се покриени со снег а се блиску до плажите. Тоа претставува дополнителна привлечност. На островите Гран Канарија и Лас Палмас понекогаш врне дожд, а останатите се пустинско суви. Дожд нема со години. Римјаните го викале архипелагот Среќни Острови и Градина на Надежта. Геолозите забележале дека островите се создадени со вулкански ерупции на океанот. Под името Лас Кањадас денес таму е еден од најголемите кратери во светот. Последната ерупција се случила во 1909 година. Канарските острови станале дел од Шпанското кралство во 1496 година, каде се закотвувале и бродовите на Кристифор Колумбо пред долгиот пат.

31980075-la-ciudad-de-las-palmas-en-la-islandia-canarias-de-españa-en-el-océano-atlántico-

Со долг писок на сирената, бродот навалува кон големото пристаниште на главниот град на Канарските Острови. Градот никогаш немал бедеми за одбрана и тврдини за безбедност. Од палубата се гледа дека градот е полн со туристи. А во далечината се извишува врвот на вуланот висок 3718 метри. Во подножјето се наѕираат непрегледни плантажи од банани. На островското копно прва средба е блискиот плоштад, пешачката зона со многу кафетерии и паркот со драцени и фикуси и со фонтани. Околните долги улици се преполни со туристи. Купуваа ефтини стоки со висок квалитет, оти островите се бесцаринска зона. Благодарение на поволната клима Порто Де Ла Круз е најпосетено место во Шпанија. На старото градско јадро има многу помали плоштади, нормално привлечни за посетителите. Украсени се со стебла од палми и други цветни аранжмани каде деноноќно пулсира животот со музика, песни и танци не само од шпанскиот фолклор. Ако веќе се прокрстарат тесните сокачиња, треба да се совладаат најстрмните скали на чиј врв е невидениот парк Лоро. Таму се откриваат егзотични растенија и тропска градина каде живеат јата папагали во разни бои и големини.

icod-sb

Додека фламангата чепкаат во малото езерце на брдото, зелен папагал, ара, на конец, посакува добредојде на шпански. На следниот рид во далечината се гледаат викендички во шпанска средновековна архитектура меѓу која доминира дворец со патинирана боја.

Престојот е некомплетен ако не се ужива на некоја од многуте плажи со црн вулкански песок. Само една има ситни камчиња со жолта боја. Велат дека песокта била носена од Сахара да се направи оваа атракција.

Куњата е комбинација од шпански, африкански и латиноамерикански шмект. Доминира овошјето, оти го има насекаде.Трпезите се полни со риби и морски плодови. Специјалитет е слатка крвавица со суво грозје, бадеми и чадено козјо сирење. Вообичаено вечерата се окончува со рум од мед.    

playa-ancon-orotava

Loading