ЈАДРАНСКИОТ БИСЕР ДУБРОВНИК

– Мноштво средновековни споменици

– Тие кои бараат рај на земјата, мора да го посетат – Џорџ Бернард Шо

– Дубровничка република – ренесансна престолнина

Mamka za turisti e Dubrovnik

Како со временска машина, Дубровник враќа во ерата на ренесансата, со безбројните тврдини, тесни сокачиња и споменици на златното доба на дубровничката република. Време кога патриците се шетале дотерани и ги посетувале нивните поседи, а плебејците трчале да сработат во градските дуќани и занаетчиски работилници. Како во секој средновековен град, и во Дубровник имало ѕидини со распоредени војници, а во пристаништето флота со над 100 воени бродови – гордост на дубровничката морнарица, четврта во светот. Вриело конзули кои брзале да пратат некоја вест до нивните суверени. Во воздухот се чувствувал мирисот на морето и постојаната опасност од ривалските, венецијанската република, Османлиите и Унгарците.

Во сегашноста се стигнува до јадранскиот бисер и се полнат очите со сé она што Дубровник го нуди со доаѓањето преку аеродромот, оддалечен 20 км. Ако се допатува со автомобил до “земниот рај”, ќе се видат сценските убавини покрај јадранската магистрала.

Во стариот град, ќе се чувствувате изгубено, ама само за кусо. Следејќи ги знаците, лесно ќе се снајдете со мотелите, продавниците и спомениците… Сокачињата се наменети за пешачење, затоа што се тесни и во голема мера нагорни. Прво што паѓа во очи е Градската Хала, обновена во барокен стил по земјотресот 1667 год. Видливи се старите хералдички знаци кои го делеле Дубровник од другите држави на бојното поле, во трговијата и развиената дипломатијата.

Ако се загледате нагоре, нема да побегне од вид Минчетовата Кула, изградена откако Далматинците слушнале за турското освојување на Цариград. Во миг опфаќа сенс на времето кога плутунот на мускетите, полнењето на топовите, фрчењето на стрелите и мирисот на барут било секојдневие. Историјата на Дубровник е скоро иста како сите републики на Балканот. Интензивен развој, внатрешен пад, странска интервенција и на крајот периферија на голема сила, во случајов на Австро-Унгарија. Дубровник никогаш не се вратил на старата слава, но од 1991 година е свој на своето, град во составот на Хрватска.

Privlekuva bogatoto kulturno naslestvo

Само шетањето по Страдун (главната улица) е единствен излез од менталната слика за богатата историја. За да се вратите во минатото можете да посетите неколку од многуте музеи, меѓу кои и спомен куќата на Марин Држиќ.           Ако научивте нешто ново за старото, редно е да научите нешто ново за новото. Посетете некој од фестивалите. Насмејте се на дубровничките летни игри, каде комичните опери ќе ве фрлат на под. Ако сте љубител на седмата уметност, прекрасно годи Филмскиот фестивал “Либертас”, каде се прикажуваат кратки “инди” филмови од независна продукција.

Како турист, сигурно ќе ви дојде на ум да се “брцнете” во Јадранот. Нема да згрешите. Дубровник има 250 сончеви денови во годината, а летно време просечната температура е 26 степени. Има и зимско капење, оти времето е топло и во февруари. Плажите се налик на карипските, со ситна песок и сино – тиркизна вода. Има доста места за престој, а дубровчани се гостопримливи и љубезни. Покажуваат сé што сакате да видите и упатуваат каде што сакате да одите.

Останува да го открие градот кој го инспирирал и Шекспир за неколку негови дела.

Loading